Како најдобро да ги „светнеме“ патиките во машина за перење

Кои патики може да ги переме во машина за перење и како.

Платнените патики лесно се перат во машина за перење, но патиките направени од кожа, без разлика дали е кожен само надворешниот ии внатрешниот дел, нема да го поднесат добро перењето во машина. Имено, кожата не е наменета за долготрајно влажнење, особено од внатрешната страна, па така кожата ќе ја впие водата и сигурно ќе набубри. Додека се суши таа ќе ја загуби оригиналната форма и мекост и ќе стане склона на пукање. Дополнително, кожата ќе стане сува, а патиките неудобни за носење. Ако патиките се од велур, тогаш ситуацијата ќе биде уште пострашна, бидејќи велурот е посебно познат по впивање на водата.

Платенените патики можат да поднесат перење во машина, но треба да се внимава на неколку работи. Доколку се бели, слободно може да употребиме прашок за машинско перење, па дури и избелувач, истиот кој го користиме за облеката. Но, доколку се шарени, во боја или со принт, тогаш патиките треба да ги сместиме прво во навлака за перница во која ќе ставиме мало парче детски (бебешки) сапун. Во спротивно, детергентот може да ја расипе оригиналната боја на патиките, а ротацијата во машината може механички да го оштети горниот дел на патиката.

slika 2

Важно е да одберете и најслаба програма за перење, без центрифуга, а температурата да биде 30 степени. Ако е повисока, лесно може лепакот кој се користи за спојување на патиките да се растопи, а патиките ќе ви се распаднат.

Пред перење задолжително извадете ги врвците и влошките. Влошките ставете ги во машина одвоени од патиките. Доколку врвците не може да се извадат само провлечете ги низ едно дупче и лесно врзете ги во чвор.

Доколку патиките на себе имаат песок, кал и други валканици, пред да ги ставите во машина прво отстранете ги со помош на стара четкичка за заби.

x

Check Also

IKEA лансираше колекција за домашни миленичиња

LURVIG (на шведски значи „влакнесто“) е новата колекција на Икеа дизајнирана за ...