Капутот ви е, сепак, преголем…

Широките, долги капути се модерни оваа сезона, но иако модната намена им е да изгледаат широко и огромно, некои можат да бидат навистина преголеми.

kaput 2

Таканаречените oversized палта веројатно ги сакаат повеќето жени. Удобни се и топли. Но и тие знаат да изгледаат преголеми на нив.

Капутот ви е преголем ако кројот не ги следи рамениците туку ракавите изгледа како да висат. Кај рамениците капутот секогаш треба да биде како скроен по мерка, без разлика колку надолу е широк.

 

Капутот ви е секако преголем ако ракавите треба да ги превртите барем еднаш, зашто инаку ќе ви ги прекријат дланките.

Преголем е доколку, и покрај тоа што сте закопчани, не се чувствувате стоплени.

Капутот ви е преголем ако после погледот во огледало се прашувате дали изгледате смешно или модно освестени. Во широките модели на капути лесно може да се изгледа како дете кое се заиграло со модата.

x

Check Also

Есенската колекција на Tom Tailor ни носи бои и оптимизам

Tom Tailor ја претстави есенската колекција, а акцентот е на палтата и ...