Карневал во Венеција: Животот е чудесна бајка

 

Посетата на Венеција секако е патување кое никогаш не се заборава. Средбата со градот кој се огледува во водата носи нешто од сновиденијата, мистиката, од чувството на нестварно. А една од најнестварните, а сепак така препознатливи појави во Венеција е Карневалот. Велат, тој е единствениот вистински, а останатите се копии.

karn1

Карневалот во Венеција се смета за најекстравагантен во светот, со најубави костими и раскошни маски, а се одржува на отворено и ги доловува убавините и посебноста на овој град.

Зборот карневал можеби доаѓа од латинската кованица carnem levare или carnelevarium, што значи да се отстрани месото (да се измие месото), односно без месо. Но повеќе веројатно е дека оваа кованица значи време за свеченост. Карневалските свечаности се одбележуваат на крајот на зимата, а насловот „без месо“ алудира на почетокот на Големиот пост.

karn 7

Според некои податоци настанувањето на карневалот се поврзува со основањето на градот во петтиот век. Првиот карневал е одржан во 1268 година кога се појавиле и првите маски. По примерот на старите римјани жителите се маскирале за да заборават на ограничувањата на својата класа, но и криејќи го својот идентитет да прават што сакаат без да се плашат од последиците кои би ги имале во текот на останатиот дел од годината. Така карневалот станал пред се политичко средство, па со тек на вековите бил и забрануван.

karn 5

Прочуените, исклучително убави, уметнички изработени маски се во употреба од 15-от век. Маските и маскирањата со текот на времето влегле во крвта на Млечаните, па така маската била во употреба и покрај самиот каренвал, а многу причини за носење на маски имале криминална природа. Кражбите и разбојништвата донеле до тоа за време на јануари 1458 година да се донесе првата забрана за маскирање во одредени ситуации. За време на 15-от век се ределе нови ограничувања за носењето на маски, се додека не се вовело правило исклучително да можат да се користат само за време на карневалот. Колку маскирањето било популарно зборува и податокот дека во 16-от век театарските групи маскирани ги изведувале комедиите на плоштадите во Венеција.

karn 4

Раскошот на карневалите и маскирањето полека почнал да изумира о 18-от век, со пад на Репубиката под Австрија, а крајот на векот довел до укинување на карневалот кој како традиција само се задржал на островите Мурано и Бурано.

karn 3

На почетокот на 20-от век Мусолини потполно ги забранил употребите на маски, со закон. Карневалот го започнал својот нов живот во 1979 година од кога станува еден од светките туристички атракции.

С.Спасиќ, авантартмагазин.ком

x

Check Also

Зошто е Лапонија најпосакуваната зимска дестинација? Многу причини-затоа!

Гопдинава Финска, поточно Лапонија, стана хит зимска дестинација без разлика дали сте ...