Каталеја, за свадба како од бајките

Како започна приказната на Каталеја?Во една зимска идилична ноќ, со порив на инспирација…

10863768_641064952682105_3800422164206648354_o (1)
Свадбата може да помине со уживање и без нервози благодарение на Каталеја. Како?
Декорирањето започнува каде што и започнува целата приказна, во домот на момчето. Поретко се кити домот на момчето, но како задолжителен детал е венчето за на врата како симбол на денот кој започнува. Декорирањето продолжува во домот на невестата, каде декорацијата е опширна и доминантна, и секако задолжителната декорација во ресторанот за уживање на младенците, нивните семејства и сите гости.
1017633_460420377413231_1841581828_n
Декорација во домот кај момчето е минимална, па затоа декорацијата кај невестата е „своја приказна“.
540303_199126890209249_1207825898_n
Во домовите на двајцата партнери има венче на врата која по нашиот обичај стои една година. Се декорираат понатаму дворот или влезот, но највпечатлива е собата каде што седи невестата и нејзините придружнички, тука неизбежена е декорација на вратата.
10247260_513447832110485_8820132604766212237_n
Треба да се внимава на деталите зашто тие го даваат печатот на свадбата. Како дополнителни елементи и неизбежни за секоја свадба се и изборот на бидермаерот и изборот на бонбоните кои се делат со тортата. Тие треба да се одберат со внимание.
10336769_588318861290048_6745529664927532351_n
 Кои се обврските на кумот и старосватицата околу декоративните детали?
Се почесто кумовите и старосватовите се консултираат со невестата и нејзиниот тим за декорација околу изборот на бидермаерот, декорација на свеќите и слични детали, со цел да се постигне една совршена композиција.
1
 Какви декоративни детали кај нас се употребуваат за венчавањата во црква, во матичното и најпосле во ресторанот?
Кај нас не се практикува да се декорира црквата и матичното за да се сочува духовното и формалното, па затоа декорација надвор од домовите на младенците се задржува главно на декорација на местото на прославата.
5
Нема никогаш стандардно правило, секој има свој вкус, стил, желба и замисла. Акцентот околу декорацијата доминира на невестинската маса, а гостинските маси се надоврзуваат и го дополнуваат декорот.
6
 Влијаат ли модните трендови на избор на бидермаерот?
Модните трендови влијаат и во еден од најпосакуваните букети со цвеќе -бидермаерот .
1184949_465194000269202_1898326368_n
Ние изработуваме и бидермаери од нетипични материјали како хартинени цветови, цветови од сатен, чипка, кора од дрво, бисери, циркони…
1488083_566514410137160_1975149956198151208_n
Во овој случај невестите точно знаат што сакат, едноставно дефинираме боја ,материјали и на крај го имаме совршениот бидермаер.
1654688_467354180053184_1246501919_o
Секако јас го сакам и природното цвеќе и тука сум да ги насочам невестите во избор на бидермаер од природно цвеќе
14273_579000682221866_8872736977191497661_n
Какви декоративни детали кои се надвор од стандардните би им препорачале на идните млади брачни парови?
Таблички за фотографирање, усни надусници, интересни пораки за убави и незаборавни свадбени фотографии.
10710849_606963872758880_2222736335319087066_n
popp1376542_607630659358868_4727543830182690254_n
А за деверушите?
Најчесто правам беџови со интересни пораки, венчиња за девојките, декоративни стапчиња со пораки…
1907820_586625788126022_302819768005902762_n
Тоа е неколку елементи за обележување, а се другото е добро расположение.
10371377_586877908100810_3431010836538852911_nМесто стандардните китенки замена можат да бидат беџовите со интересни сликички и текст.
mia mlla #we
 Можат да се декорираа со тулче со панделки и да изгледаат како ордени.
lllllllllllllllll
Дали и свадбените бонбончиња се прилагодуваат на трендовите?
Обично секоја сезона се трудам на направам ново и поинакво бонбонче. За оваа 2015, ги предлагам корнетчињата, чоколатцата одново брендирани и секогаш актуелните „невеста и младоженец.
1294556_618266048295329_5088889638420733754_o
575236_168929686562303_1132332977_n
11
300533_352197254902211_1424219209_n420125_352197148235555_960158781_n
 Која теми при декорацијата ви е вам лично, најдрага? 
Тема која би ми било мерак да ја реализирам е некоја рустична свадба на отворено, ја имам во глава и целата комплетна декорација. А темите се неисцрпни .
1234
x

Check Also

IKEA ја претстави новата колекција STOCKHOLM 2017

Новата премиум колекција од Икеа е насловена Стокхолм 2017, а содржи мебел ...