Кажи нешто убаво. Кажи Desigual!

Колекцијата за пролет/лето 2015 на Desigual наречена „Say Something Nice” oстанува достојна на досегашниот позитивен и безгрижен карактер на брендот, оваа сезона со забележливо интернационално влијание во форма на риги инспирирани од Медитеранот помешани со тропски цветови, мексикански мотиви, Хавајски цветови во боите на виножитото….

LBPV15_winnie_capsula_floral_spring_9_51V28G2

Колекцијата ја сочинуваат мантили со принтови, комбинизони без ракави, кратки јакни  во комплет со шорцеви, фустани со различна должина и форма, итн.

LBPV15_winnie_capsula_floral_spring_4_s52V20X5_4052-51G55N8_1000-(1)

LBPV15_winnie_capsula_floral_spring_1_p7434905_1

Материјалите од кои се изработени овие впечатливи и уникатни парчиња се шифон, свила, жакард, тул и сатен, а се разбира дополнети се со додатови како чевли со платформа со јаки бои, чанти, марами и доминантни обетки.

Колекцијата пролет/лето на Desigual е достапна во Фешн енд Френдс

x

Check Also

Поглед одблизу на пролетната колекција на C&A

Ги сакате пастелните бои? Тогаш ќе ја обожавате новата колекција на C&A. За ...