Клавир инспириран од јајцето Фаберже

Компанијата „Пијано Солушн XXI “(Piano Solutions XXI) се експерти за реставрација на клавири, ви го претставува своето ремек – дело од милион долари, инспирирано од јајцето „Фаберже“.

pijano 2

Наречен е „Серенада на Њу Јорк“ (New York Serenade), овој клавир е украсен со 164.000 циркони.

pijano 5

Ова потсетува на аурата на реномираната њујоршка ера на џезот и џез музичарите. „1917 Steinway & Sons Grand“ клавирот ги спојува изгледот на своето оригинално американско производство и модерните времиња.

pijano 4

Реставрацијата траеше цела година, бидејќи се е рачно работено, со цел да се добие производ на лакирана елеганција.

pijano 1

Супериорната „Серенада“ е дизајнирана од последните генерации, со систем за настапи во живо „Модел XL“, со напредни механизми и само движечка педала. Со ова му се дава можност на клавирот да свири музика од било кој безжичен извор со помош на Ајпод кој го има покрај себе.

pijano 3

Тука е и неизбежната клупа која го придружува ова ремек – дело, украсена со 7500 каменчиња, за да светка и таа со неверојатна префинетост.

М.Р

x

Check Also

Улична мода: Корсети и како да ги комбинираме оваа пролет

Трендот на корсетите е да се носат над облеката, над предимензионираните кошули, ...