Кофеинот и фитнесот: Во која доза ни е потребен?

 

Правилната употреба на кофеин значително може да ви ги подобри резултатите во вежбањето. Претераната доза пак, ќе ви го уништи тренингот.

kaf 1

Доколку се напиете чаша кафе на час до два пред вежбање, кофеинот ќе помогне полесно да го издржите тренингот. Но оваа супстанца може и негативно да влијае на издржливоста доколку се испие во поголема количина пред тренинг.

Големите дози на кофеин влијаат на координацијата за време на вежбањето, а освен тоа кофеинот има диуретично дејство, а со самото тоа од организмот може да ги елиминира течностите во организмот кои се неопходни за тренинг. Сепак, кофеинот не треба да се исфрли од употреба.

Докажано е дека умерена конзумација на кофеин непосредно пред тренинг ја подобрува издржливоста зашто привремено ја зголемува енергијата. Тоа што е клучно е времето и количината на конзумирањето.

Ако видите дека кофеинот негативно влијае на вашиот тренинг, пробајте да го замените кафето со енергетски пијалак кој би го конзумирале непосредно пред или за време на тренингот.

Променете го треминот за вежбање, односно резервирајте го вежбањето за утринските часови кога кофеинот сеуште не го покажал своето моќно дејство. Внесот на кофеинот е специфичен така да постои големи шанси луѓето кои конзумираат голема доза на кафиња со текот на времето да станале толерантни па на нив нема ни позитивно ни негативно дејство.

Да не заборавиме, неопходната доза на кофеин за позитивно дејство непосредно пред тренинг е 3 до 6 милиграма на килограм телесна тежина, или за време на вежбањето 1-2 мг/кг.

x

Check Also

Back to gym! – да се вратиме на здравите навики

Од денес започнува кампањата за поттикнување здрав и активен живот на Polleo ...