Кога калориите се навистина потрошени?

Многумина зборуваат за брзо „горење“ на калориите, очигледно не разбирајќи на што тоа се однесува. За малку нешта постојат толку многу измислици и слободни интерпретации како за потрошувањето на калориите.

kal 99

Секако дека енергијата, односно калориите, нема да ги потрошиме седејќи во сауна, покрај компјутерот, пред телевизорот или со помош на електро стимуланси околу струкот. Што повеќе храна ќе изедеме, толку повеќе енергија сме внеле во организмот. Ако таа енергија не се потроши со одреден вид на активност, ќе се претвори во сало.

Мерната единица за енергијата е калоријата. Таа енергија е неопходна за температурата на 1 литар вода да се подигне од 14 на 15 степени Целзиусови. Сите оваа дефиниција своевремено сме ја учеле, но сме ја заборавиле. Енергијата која ја внесуваме во телото е енергија од храната (масти 9 калории/грам, јаглено хидрати и протеини 4 калории/ грам), а таа енергија да се потроши мора да се изврши некаква физичка активност.

Новите американски истражувања покажуваат интересни податоци. Во истражувањето учствувале дебели и слаби доброволци, а под облеката им бие ставени сензори. Испитувани се нивните природни активности и дошле до заклучок дека слабите биле многу повеќе активни.

kal 08

Гојазноста не прави забавени, па може да се пресмета колку секој вишок килограм ги забавува сите наши активности. За успешно да симнете 0,5 килограми сало, би морале да одите 12 часа без престанување, под услов брзината на одењето да е таква да трошите околу 300 калории на час. Луѓето никако не сакаат да сфатат дека килограмите лесно се добиваат, а се трошат многу тешко и дека мора да се вложи голем труд за вишокот да се совлада. Затоа успехот во слабеењето е резервиран само за упорните.

Со оглед на тоа дека калориите се трошат исклучително со работата на мускулите, што повеќе мускули имате поголема е површината за согорување на енергијата. Од ова не е тешко да се заклучи дека наместо на смешни трикови за слабеење, треба да се фрлиме на фитнес или спортска активност.

x

Check Also

Мит за слабеењето кој ни е преку глава

Се е дозволено, само во мали дози – е изрека која често ...