Кои се тренди костими за капење за лето 2018?

Вашите тренди костими за капење оваа сезона 2018 треба да ги изберете во силни неон бои со принт на кои ќе преовладува виолетовата, сината боја и зелената. Препорачуваме да изберете според вашиот облик на телото во таканаречените четри форми, познати како, круша, јаболко, часовник и правоаголник.

Внимателно треба да одберете дали би сакале дводелни костими за капење кои ќе може да ги комбинирате во различни бои, сепак треба ова лето вашиот избор да биде со палми или со кактуси, како и со разни шари кои ќе ве направат да се чувствувате летно и разиграно.

Едноделните и еднобојните костими за капење се исто така тренд за оваа сезона, во црна, бледо розева и црно бела боја со модни додадтоци кои ќе ве направат поинакви од останатите. Еден од натписите кој го одвојуваме е познатиот No Man No Cry.

За мажите се издвојуваат слип костими за капење во силни бои со разни натписи и дезени кои ќе остават силен впечаток ова лето и ќе им го дефинира телото.

Од аксесорис за плажа потребни се интересни наметки и чанти кои ќе ви бидат одлична комбинација  со вашите костими за капење.

Се што треба да направите да го испланирате вашето патување за викенд или за подолг одмор,  да уживате во летото и да го сакате вашето тело.

x

Check Also

A SUMMER STORY: Нова колекција од MANGO

Сите летни приказни треба да започнуваат вака: Морски брег, природа… Замислете се ...