Која е вашата дестинација за забава овој викенд?

Овој викенд сите сме возбудени за уште еден чекор кон непознатото, со старт на добро познати локации.

Во петок на 10ти ноември ве повикуваме на втората Step Into the Unknown забава со место на полетување Speakeasy Bar, на менито е луда забава и коктели. Веднаш во сабота, на 11ти ноември пред да ви слегнат емоциите и возбудата продолжуваме во Café Krug.

Викендот е совршено време за да го покачите нивото на адреналин, да се впуштите во авантура, или кратко кажано да го откриете непознатото, а платформата Neuland и овој викенд повторно ви дава можност за невозможното, за возбудливост и за илузија и форма од фигури, шарени бои, измешани сетила.

Дали сте подготвени за викендот, дали сте подготвени за непознатото?

x

Check Also

Денис Чемберс со формацијата „Trace elements“ вечерва во Станица 26

Вечерва во Станица 26, со почеток во 22 часот „3Гонга“ со гордост ...