Колекција Дома на Ирина Тошева: Приказни од ноќниот живот

Објавен е моден едиторијал за новата колекција „Дома“ есен/зима 15/16 на познатата македонска модна дизајнерка Ирина Тошева.

irina 7

Фотографиите на дизајните на Ирина Тошева кои се надополнети со илустрации на признатиот ликовен уметник Ване Костуранов се на модниот фотограф Миладин Паповиќ, креативен директор е Кристина Манчева, шминката е на Виктор Мирчевски со  асистентот на шминка Јована Коциќ. За фризурата беа задолжени Studio Allure. Модели се актерката Наташа Петровиќ, Фаниа Гиачо од модната агенција „Подиум“ и актерот Ивица Димитријевиќ. Едиторијалот е надополнет со накит и часовници од “My Time”, чорапи специјално изработени од  „La Dama“ и чевли на “Chantel”. Колекцијата е поддржана од Министерството за култура на РМ.

irina 2

irina 1

„Дома“ е креативна рефлексија на потребата од нешто само свое. Едиторијалот претставува отсликување на повеќе приказни и моменти од ноќниот живот. „ Фотографската приказна е инспирирана од скопскиот ноќен живот со сите негови култни локации. Секој од нас во одреден период од животот тие простори ги перцепирал како свој дом. Таму секој од нас прославувал, припаѓал, се забавувал, се почувствувал и отсутен. Фотографиите на Паповиќ ги крадат овие моменти и ги пласираат на публиката за толкување. “ – изјави Тошева.

irina 11

irina 9

Колекцијата е составена од 14 изгледи, изработени од природни материјали. Особено се примамливи рачно изработените плетенини и дезените кои се изработени со вез. Дел од парчињата се и уникати.

irina 8

irina 6

Едиторијалот е сниман на следните локации: Кафе Бар Љубов, Излет, Сектор 909, Балет , Speakeasy и Казино Сенатор.  Благодарност до Град Скопје, SOTTO , Телеком Тренд и Порше Македонија.

irina 4

Колекцијата е достапна за продажба во ателјето на Ирина Тошева. На интернет страница irinatosheva.com  функционира виртуелен бутик преку кој моделите на Тошева набрзо ќе се достапни со само неколку клика. До омиленото парче од колекцијата „Дома “ ќе може и наскоро да дојдете и преку bastetnoir.com и asos.com. Одбрани парчиња од колекцијата ќе бидат изложени и на [SKP] PopUp Store од 29ти ноември до 12ти декември во Берн, Швајцарија.

irina 5

irina 3

x

Check Also

Топ 7 чантички за сите комбинации од Манго и Зара

Ги сакаме практичните чанти со привлечен дизајн зашто се погодни за секакви ...