Колекција на Ирина Тошева со пораки напишани на кирилица

Ирина Тошева која своите креации редовно ги презентира на Моден викенд Скопје, поддржана од My:Time и Министерството за култура на Република Македонија,  ја донесе колекцијата  на која беа пресликани куќи и пораки испишани на кирилица.

mv FWSK12 Irina Toseva 03 re

Модната презентација беше испратена со музиката на „Нокаут“ кои пред публиката песните ги свиреа во живо.

mv FWSK12 Irina Toseva 02 re

„Бои вибрираат по пулсот на еден град, барајќи го својот дом.  Улиците по кои секојдневно чекореа го сменија својот ритам и ги натераа во стрмоглава потрага. Бараа дом кој одново ќе го варосаат во нова младост. И не само тој, туку и други. Градеа разнобојни домови за да создадат колективно гнездо на топлина.  Погледни! Цела низа куќи само за нас. А од нивните оџаци мириса на љубов бескрајна и свежо пространа облека на утринско сонце“, вели Тошева.

mv FWSK12 Irina Toseva 04 re

x

Check Also

Егзотични и женствени модни парчиња со попусти до 50 отсто во INSPIRED BY

Во непосредна близина на средното уметничко училиште, на улица Златко Шанјдер број ...