Колекција „На полноќ” на Антонија Ристовска инспирирана од ноќта и гламурот

Капсулната колекција „На полноќ” за есен/зима 2016 на дизајнерката Антонија Ристовска е инспирирана од ноќта и гламурот која го носи.

kol 222

Ноќта во зима има некоја своја магија која буди посебни чувства. Снежната прекривка на дрвата, одсјајот на месечината од улиците, небесните ширини после првиот снег… Тој спектар на студени бои е инспирацијата за оваа колекција наменета за модерната жена која е моја вечна инспирација. Романтизмот кој е карактеристичен за нашето ателје се појавува овојпат преку нежните силуети и кроеви кои се нагласени со тенко каивче со мини машна – како заштитен знак за оваа колекција – вели дизајнерката.

kol 333

kol 444

Колекцијата се состои од креации изработени од најпрефинети италјански материјали со богати текстури. Кроевите застапени се здолништа и сакоа во стилот на 50тите, свилени кошули, фустани кои ја нагласуваат женственоста, како и капути со интересен крој. Моделите се надополнети со рачно изработен вез со бисери и светки во сребрена и бела боја. Парчињата можат меѓусебно лесно да се комбинираат, а се наменети за вечерни коктел забави и свечености. Боите кои доминираат во колекцијата се снежно белата, сребрената и нијанси на сина.

kol 555

kol 777

Креациите се надополнети со рачно изработен накит – ланчиња и обетки изработени од ланци, кристали и бисери, како и венчиња од свилена органза и светки кои го надополнуваат целосниот изглед.

kol 66

Фото: Ани и Дими

Модели: Елена Гугоска и Јана Јосковска

Шминка: Студио Даниел Николовски

Фризура: Студио Би Ју

 

x

Check Also

15 омилени модни парчиња од есенските колекции на популарните модни марки

Модната есен е пред нас, а судејќи според есенските колекции на популарните ...