Колку часа неделно работат модните блогери?

 

За некои кои гледаат од страна, кои ги читаат модните блогови во паузите додека работат во канцеларија, работата на модните блогери им изгледа забавна и многу лесна. Но новото истражување зборува нешто друго.

modni 3

Новото истражување кое доаѓа од „Сошиал медиа“ покажува дека модните блогери работат до 100 часа неделно. Според истражувањето, добар дел од времето го трошат на шетање по продавници за да одберат кое модно парче да го предложат на своите читатели, а истото важи и за козметичките производи. Дополнително, за да се фотографираат себеси во одредена гардероба која сакаат да ја претстават, трошат и по еден цел ден.

И ако сеуште ова ви изгледа забавно, не е баш така. Покрај промоциите на одредени модни марки кои самите ги прават, денот на модните блогери изгледа дека е подолг од вообичаените. Често мора да бидат дел од важните настани во градот за да ги следат модните трендови, а вечерта да напишат и мал „извештај“ за тоа. Успешните модни блогери посетуваат и ПР настани и конференции поврзани со онлајн-шопингот.

modni 2

Еве некои занимливости кои не ги знаете за модните блогери

Инстаграмот е голем извор на профит

Даниела Бернштејн модната блогерка на „Харперс Базар“ објаснува дека може да заработи до 15.000 долари за Инстаграм пост.

Остануваат заедно за Модните недели

Интересно е што истражувањето вели дека модните блогери секогаш ќе ги видите заедно на Модните недели, како си помагаат и си разменуваат информации.

modni 1

Трошат многу пари на подготовки за фотографирање

Фотографиите кои ги гледаме на блоговите а ни изгедаат аматерски, всушност се најпрофесионално сработени. За да се подготват за серија фотографии, која ја прават барем два три пати во неделата, модните блогери мора да имаат претходно полн паричник, зашто најголем дел од нив сами си плаќаат и шминка и фризура.

modni 5

Блогерите имаат агенти и менаџери

Да, успешните модни блогери не прават се сами, зашто не можат да постигнат. Големите договори со модните куќи најчесто одат преку ангажирани агенти или менаџери.

modni 4

Не споделуваат се

Иако блоговите се полни со фотографии, модните блогери прават голема селекција што ќе споделат, а што не. Многу интересни фотографии кои немаат маркетиншка позадина, често остануваат необјавени.

x

Check Also

Последни цени во продавниците на Fashion Group!

Од 15-ти до 22-ри февруари во продавниците на Fashion Group започнува кампањата ...