Колку им е рокот на козметичките производи?

Исто како и храната, и вашите козметички производи имаат рок на траење. Важно е да знаете колку време може максимум да траат, а потоа фрлете ги. Инаку ризикувате да добиете инфекција или иритираност на лицето и очите.

Сенка за очи, камена пудра

Сенката за очи исто како и камената пудра може да траат најмногу до 24 месеци. Пред истекот на нивниот рок почнуваат да се сушат и стануваат лежиште на бактерии. Ако ја променат бојата и пред истекот на рокот, не се двоумете да ги фрлите.

Кармин

Карминот трае најмногу 24 месеци. И пред тоа, ако забележите дека има поинаков мирис или тешко се нанесува, фрлете го.

Сјај за усни

Трае најмногу 12 месеци. Исто како и карминот може да ја смени бојата или вкусот, па и миризбата, а тоа е идникација дека рокот му истекол.

Течна пудра

Рок на траење 6 до 12 месеци. Штом ја отворите користете ја слободно шест месеци а по овој период веќе е ризично. Ако ја промени бојата или добие миризба, фрлете ја пред истекот на рокот зашто лесно може да предизвика црвенило на кожата.

Маскара

Маскарата е од оние производи на кои најмногу мора да внимавате. Трае 1 месец до максимум три. Со оглед на тоа дека очите се многу чувствителни, лесно може да направите инфекција доколку ја употребувата по истекот на рокот. Фрлете ја веднаш кога ќе почне да станува сува.

Боичка за очи

Може да трае до 6 месеци, но се препорачува да се заменува на секои втори или трет месец бидејќи се нанесува на очите.

x

Check Also

Топ 5 нијанси на лакови за нокти за пролет/лето 2018

Влегуваме во сезона полна со свежи бои, а тоа не се однесува ...