Колку километри треба да истрчате за да ги „стопите“ калориите од газираниот пијалак

Луѓето ги игнонираат калориските вредности на газираните пијалаци кои се назначени на амбалажата. Американското истражување објавено во American Journal of Public Health вели дека многу поефикасно за менување на нездравите навики би било доколку на шишето газиран пијалак е назначено колку километри треба да истрчаме за да ги стопиме овие калории.

gazir 1

Па така, на пример, за да стопиме половина литар Кока-кола потребно е да истрчаме 6,7 километри. Односно, многу лесно може да испиеме литар газиран пијалак, а за потоа да се ослободиме од истите калории треба да поминеме 16 километри во брзо пешачење.

Дебелеење, дијабетес од типот 2, оптоварување на црниот дроб, недостаток на минерали во бубрезите и слаба концентрација се само некои од последиците кои ги предизвикува прекумерното пиење на газирани пијалаци.

Нутриционистите се согласуваат дека со секојдневно конзумирање на 2 до 3 чаши газиран пијалак за само една година може да се здебелиме цели 5 килограми.

x

Check Also

Спој на фитнес и забава на Fit Games

На 28 октомври во Скопје ќе се одржи натпревар во функционален фитнес/кросфит ...