Колку минути треба да вежбаме за да видиме резултати?

Институтот за технологија Карлсрух го објави истражувањето кое открива колку минути треба да вежбаме за да видиме резултати. Според КИТ одговорот е 120 минути неделно, односно најмалку два часа во текот на неделата.

Во истражувањето биле вклучени 500 луѓе на возраст од 35 и 55 години кои биле анализирани од испитувачите цели 25 години! Во одредени периоди испитаниците биле тестирани, а тестовите се однесувале на силата, издржливоста, координацијата и флексибилноста.

По долгогодишното истражување експертите дошле до следниов заклучок – сите оние кои вежбале имале 10 години помладо тело отколку оние кои не вежбале, според анализите на крвта, мастите и ЕКГ. Ризикот од кардиоваскуларни заболувања бил исклучително понизок кај спортистите, а тие имале и побрз метаболизам. Најдобро од се е тоа што не мора да потрошите многу време и труд за постигнување на вакви резултати. Само два часа вежби на телото доволни се за да се види позитивното влијание. Не звучи лошо, нели?

x

Check Also

Масло од тиква – Како влијае на губење на килограмите

Поради својот единствен состав, маслото од тиква придонесува за губење на килограмите, ...