Концептуален продажен арт-простор „Lotus design store“ во Скопје Сити Мол

Домашните дизајнери добија нов концептуален продажен простор наречен „Lotus design store“, кој беше отворен вчеравечер (25 јуни) на вториот кат во Скопје Сити Мол.

LDS

Во новоотворениот „Lotus design store“ своите колекции ги продаваат Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Стефанија Насеска, Оливера Штакоска, Елена Спасовска, Александра Митковска со брендот „Vibrazioni“, „Лудус“ и „Ле бранд“.

Бројните љубители на домашното дизајнерско творештво имаа можност парчињата облека да ги видат на манекенките од модната агенција „Подиум“.

LDS f2 re

LDS f1 re

На продажба се и парчињата накит од „Даемониум“ на Магдалена Димковска, „Капка jewelry“, познатиот француски бренд за кожни ракавици „Thomasine“, како и „Lotus lounge chair“, „Завар Дизајн“, „Фејдом“, „Творница“ и српскиот бренд „Moo shema“.

LDS f4 re

Први од уметничките дела и фотографии кои ќе бидат на продажба во иднина се фотографиите од серијата „Пет капки сон“, како и книгите на нашиот еминентен режисер Милчо Манчевски.

дизајнерката Анита Гај

дизајнерката Анита Гај

„Lotus design store“, во сопственост на дизајнерката Анита Гај, е наменет за заедничка промоција и продажба на облека, модни додатоци, обувки, мебел, светилки, декоративни елементи, но и скулптури, фотографии и книги. „Lotus design store“ ќе функционира и како арт-простор во кој ќе бидат организирани различни активности.

М.М.

x

Check Also

Пролет/лето 2017 во Fashion&Friends: Сезона на бои и различност

  Пролетта во Fashion&Friends е разиграна, разнобојна, динамична и енергична. Колекциите на ...