Костумот го прави човекот: од каде ви е идејата дека е поинаку?

Штета што самиот збор костум погрешно е протолкуван, па често доаѓа до спор на мислењата.

odelo 1Но, ајде да ги поставиме работите онака како би се разбрале, во понатамошниот контекст на написот, зборот „костум“ ќе ја претставува комплетната гардероба која ја употребуваме, од главата до стапалата, а буквалното значење ќе го нагласиме ако биде потребно. Уште една дигресија, нема да се мешам во модата и во модните трендови, зашто тоа е индивидуална работа и прашање на време, туку фокусот ќе биде на културата на облекувањето.
Погледнете на вашиот вообичаен работен ден. Се будите и веројатно во нешто сте облечени. Ако не сте, тогаш станува збор за специјална пригода, или за лето и плус 40 степени, но нема да се задржуваме тука, туку на вашиот утрински „стајлинг“.  Со сигурност тврдам дека никој во кревет не оди со вечерна тоалета, туку во различни облици на пижами. Звучи смешно, ама да се запрашаме дали навистина е? Во вечерна тоалета освен што не се се оди во кревет, не се оди ни во кафеана, ниту во кино, ниту на училиште, факултет, работа, кај пријателите на гости, на кафе или во кафуле. Вечерна тоалета нема да носите ни во теретана, ниту на некој деловен состанок. Според бон-тонот на облекување вечерната тоалета служи за специјални пригоди, како што се гала вечерите, важните прослаувувања, некогаш тоа се баловите или театрите. Денес е малку дегутантно така да отидете во театар (зборуваме за Македонија, не заборавајте), а само еден бал има во годината. Се разбира, секогаш има и исклучоци.

Често девојките малку знаат да заталкаат во своите сваќања за (не)сериозноста на ситуацијата, па понекогаш може да се види девојка облечена во вечерна тоалета и во кафеана. Таа мисли дека тоа е в ред, дека ја направила вистинската работа. Тоа е сепак голема грешка, пред се’ во разбирањето на улогата на фустанот, ама и на местото. Секое место си има своја цел, со самото тоа и некое значење во нашите животи, а во согласност со целта на местото се одредува и гардеробата која е тука посакувана.

Да се вратиме на оној замислен ден. Откако сме се разудиле (измиле заби, истуширале…), ред е да се облечеме. Можеби не’ тресе треска, па мрзливо, во истото издание, се враќаме во кревет. Почесто е ништо да не не’ тресе, освен евентално времето кое обично е недоволно истемппирано. Сега доаѓаме до заплетот на ситуацијата.

odelo 2

Оција 1. Вработени сме. Прашање: каде работиме?

Да кажеме, работиме во некое од министерстата на Р. Македонија.  Тешко дека ќе излеземе од дома облечени во фармерки и кошула (или маичка). Значи, за мажите костум (во вистинска смисла на зборот), а за жените панталони и сако, или сукња која никако не е во непримерна должина. Ништо не е од овие правила без врска, нафрлено за на луѓето да им го искломплицираат животот, тоа е култура на облекување како што постои и култура на улицата (нема да фрламе ѓубре на земја туку во канта за отпадоци).  Слично ќе се облечат и професорите, адвокатите, вработените во банките, како и многу други. Ако погледнеме малку подалеку,  на пример, на другите култури и нивниот начин на облекување, доаѓаме до паралели во некои но и до некои сосема спротивни нешта во други работи. Мислам дека во поголемиот дел од земјите во светот културата на облекување е поизразена отколку кај нас. Имав и пригоди да се уверам во тоа, па да ги набљудувам луѓето рано наутро како со метро одат на работа во костум и вратоврска, како и оние кои имаат униформи во кои на приемер, слушаат предавања или настава. Кај нас се  униформирани полицајците, работниците во градско зеленило и чистота, пожарникарите, поштарите, работниците на патишта и можеби уште неколкумина. Некогаш не е лошо да се воведат униформите, токму од причина на некултурата на облекувањето кај добар дел од луѓето.

Опција 2. Не сме вработени туку се образуваме

Ова е лизгав терен, не само поради областа во која живееме, туку зашто го опфаќа периодот на човекот во кој obleka 3се формира како личност. Човек тогаш минува низ најразлични фази, а секоја фаза носи некој свој стил. Можеме да тврдиме дека се каеме поради некои претходни одлуки кои сме ги носеле по прашање на облекувањето, но се вели дека на младите доста од тоа им е простено поради хормоните и тие „луди“ години. Би требало сепак, да се работи на свеста кај младите за сликата која ја оставаат, би требало што повеќе да се влијае на нив и да им се објаснува кои работи се примерни, а кои не се, без понатамошни влегувања во изразувањето на стилот и креативноста. Но, да се подвлече граница на оваа територија е многу тешко и опасно. Младите, во годините на завршување на основното училиште, средното училиште и речиси до завршување на студиите, се подложни на влијание на околината повеќе отколку во другите периоди, а околината и медиумите им испраќаат слика како би требало да се однесуваат, да зборуваат и слично. Обидот да се наметнете како некој кој има нешто да „брани“ или да „соли памет“ многу често може да резултира со контраефект. Културата на облекување која тие личности ќе ја стекнат зависи најмногу од околината во која се движат и од околината во која израснале, но и од околината кон која се наклонети. Би навела само неколку „детали“ во кои не би треало да се посетуваат образовните институции, а тоа се дефинитивно: мини здолништата, проѕирната гардероба, тренерки, шорцеви, високи потпетици, елегантни фиустани или било која комбинација која може да привлече големо внимание, а со тоа да остави и впечаток на претерано. А, се’ што е претерано е и вулгарно. Се разбира, младите се тие кои, после јавните личности, ги следат сите модни трендови, па така често прават брзи и невнимателни избори. Ама „лудите години“ и сите „бламирања“ минуваат, а потоа следува периодот на сериозен и промислен потег каде грешките речиси и не се толерираат.

Опција 3. Пензионери сме.

odelo 6Веројатно не мрзи да се мрднеме, па цел ден ќе го поминеме дома, пред телевизорот и нема да не’ интересира премногу гардеробата туку стабилноста на денарот и броењето на деновите до следната пензија.

Бидејќи добар дел од денот веќе го искористивме, да замислиме дека е седум часот навечер и дека размислуваме што понатаму. Прва опција ни е да одиме на пијалак со пријателите. Тука културата на облекување е прилично широка, речиси дека постојат места кои се погодни за секоја комбинација која ќе одлулчите да ја носите, па затоа и тука нема да се задржувам. Опцијата кино и шопинг центар е малку потесен поим од оној претходниот и би требало да се знае дека тоа се места каде пред се’ или се гледа филм или се пазари, па така нема потреба за високи потпетици и нагласено дотерување. Ниту е ова Кан, а не е ни Петта авенија. Но, да претпоставиме дека ве повикува пријателката да одите во театар. Тука спектарот на креации кои се прифатливи е поширок. Личен став по прашањето на дрес-кодот во театар е да се облечеме елегантно, примерно на годините и ненападно. Настаните за кои сметам дека имаат иста важност се концертите на класична музика, како и операта, балетот и изложбите.

На се’ ова уште ќе додадам дека јавните инсититуции, како што се општината, поштата , судот како и објектите на јавниот сервис, исто така не трпат модни испади, а во поголем број од нив би требало да биде забрането и да се влезе ако не е исполнета дадената норма на облекување.

Што се однесува до клубовите, кај нас е дозволено премногу за мојот вкус, па често од момчето кое влегло во тренерка само на неколку метри подолу седи девојка која дошла облечена во вечерна тоалета. И двајцата ги сметам за екстремни и некултурно облечени.

odelo glavna

Културата на облекување е важна за сите, не постојат исклучоци, ослободени од „лимит“. Постојат и многу екстреми кои имаат право на истакнување како и на сопствен моден став, но тогаш исто така и сите останати имаат право на коментар и критика на истите, а тоа често се разбира како навреда или конфликт од кој сите се оштетени.

Би требало да работиме на едукација на луѓето во облекувањето, зашто колку и да ни изгледа плитко сваќањето дека костумот го чини човекот, ако подобро размислите тоа е она што го остава првиот впечаток, а со самото тоа и го крои вашиот став кон одредена личност, па никако не траба да се запоставува. Се разбира, костумот не мора да биде луксузен ниту преплатен за да биде добар, туку треба да ја отслика личноста токму онаква каква што истата се вклопува во светот и настаните кои и се случуваат. Најпосле, суштина на некој или нешто не може да се види, туку се манифестира со преку надворешниот изглед, преку реакцијата, исто како и преку однесувањето.

Соња Кукиќ

x

Check Also

Убавината е минлива категорија. Стил, е тоа е веќе нешто!

Во облекувањето, во однесувањето и воопшто, во животот, велиме дека некој има ...