Кратка историја на честитките за Валентајн

Честитките за Денот на вљубените биле актуелни уште во средниот век. Во 1400 година, за прв пат се појавиле првите љубовни пораки за овој ден. Таква честитка денес се чува во Британскиот музеј.

va

Честитките се правеле рачно, а постоеле повеќе верзии на изработка. На почетокот тоа биле стихови, а првите букви од стиховите го покажувале името на оној кому му е пораката упатена. Потоа, се изработувале со виткање на хартија и додавање на чипка со помош на мали остри ножици. Од Ориентот пак подоцна доаѓа стилот на сликање со масло на хартија. Следуваат честитки во кои дел од зборовите на љубовните пораки се заменети со знаци, односно цртежи. По ваквите честитки доаѓа модата на загатките со љубовна содржина, по нив пораки со украсни букви…

Во почетокот на 1800 година, честитки за Денот на вљубените почнаа да се произведуваат во фабриките. Тоа беа главно црно бели фотографии, рачно наслини од вработените во фабриките. Фенси Валентајн честитките биле направени со вистинска тантела и панделки, кои се вовеле во средината на 1800-те.

va 3

Во почетокот на 1900 години компанијата Норкрос почнала да да произведува картички за Свети Валентин.

Денес пак најславни се честитките на Халмарк. Секоја година Халмарк ја претставува својата нова колекција на ретки и антички Валентајн картички кои се продаваат низ целиот свет.

x

Check Also

Есенската колекција на Tom Tailor ни носи бои и оптимизам

Tom Tailor ја претстави есенската колекција, а акцентот е на палтата и ...