Среќно слонче

Креативни порции здрава храна за вашите мали деца (рецепти)

Го познавате проблемот – вашето мало дете одбива да јаде здрава храна, додека пак, ужива во чоколада. Обидете се да подготвите весели порции од здрава храна кое ниедно дете нема да ги одбие. Малку креативност, малку време, заиграност и навиките полека ќе се променат.

Мудар був

Лесно ќе го подготвите сендвичот Мудар був. Потребно ви е парче интегрален леб за лицето на бувот, варено јајце кое ќе го пресечете на пола и од него ќе направите очи,  а морковот, краставицата и маслинката пресечете ги во форми пригодни за украсување. Сендвичот послужете го на голем лист зелена салата, а целиот оброк зачинете го со убава приказна за мудриот був.

Мудар Був

Мудар Був

Среќното слонче

Омлет во облик на слонче е идеален за здрав почеток на денот. Омлетот подгответе го на вообичаен начин, а за дополнителни украси послужете се со шунка, домат и свежа краставица пресечени на мали кругови. Малку магдонос над очињата… понатаму, пуштете ја фантазијата и поиграјте си со останатите намирници се додека не го „дотерате“ среќното слонче.

Среќно слонче

Среќно слонче

 

Овошна пчеличка

Од исечкано различно овошје направете пчеличка. Варијантите се бесконечни, а ние за почеток ви предлагаме едноставна креација од банана, мандарина, киви, ананас и праска – вистинска енергетска бомба за зајакнување на имунитетот и забавен меѓуоброк.

Овошна пчеличка

Овошна пчеличка

Шарено рипче

За разлика од овошјето, малите деца многу почесто одбиваат да јадат зеленчук. За тоа да го избегнете направете забавен оброк, односно шарено рипче од зеленчук. Употребете грашок, пченка, ситно исечкани моркови и пиперки, малку варена брокула, ориз и маслинки. Експлозијата на бои ќе биде многу примамлива за детето. Секако, раскажете приказна за рипката.

Весела овесна кашичка

Овесни снегулки, суво овошје, малку свежо овошје и – насмевка од уво до уво. Овесните снегулки сварете ги малку во млеко, па украсете ги со сушено овошје, малку малини и праска исечена во форма која одговара.

Весела кашичка

Весела кашичка

x

Check Also

Алкохолот (незабележително) ве дебелее? И тоа како!

Ако сте на диета не смеете да го потценувате ефектот што го има ...