Куглоф Сарма

Дегустирајте ја оваа величенствена сарма која е задоволство не само за непцето, туку и за очите.

sar5

Потребни намирници – 700 грама мешано мелено месо, 125 грама исечкана сланина, 100 грама ориз, 1 ќесичка зачини (мешавина за полнеше сарма или пиперки), 100 мл млака вода, 2 лажици масло, голема главица кисела зелка, малку масло за калапот, 30 мл вода, 1 лажица доматен сос.

Подготовка

Употребете што поголема главица кисела зелка за листовите да бидат големи, листовите кои сте ги одвоиле за подготовка на куглофот малку сварете ги да омекнат (5 минути). Исцедете ги и оставете да се изладат. Дебелите листови истенчете ги или пресечете ги каде што се дебели. Во меѓувреме, сварете го малку оризот внимавајќи да не стане премногу мек.

Содржината на ќесичката зачини истурете ја во 100 мл млака вода, добро измешајте и оставете ја неколку минути.

Меленото месо, исечканата сланина, оризот и маслото помешајте ги заедно и додадете го подготвениот зачин во водата. Уште еднаш измешајте се заедно.

Премачкајте го со масло калапот за куглоф, потоа обложете го со листови зелка сложувајќи лист преку лист и тоа тенкиот дел на дното на калапот. Во средина наредете ја смесата за сармата, па внимателно преклопете ги листовите за да го затворите месото. Така подготвената сарма прелијте ја со мешавина од вода и доматен сос. Покријте ја сармата со фолија за печење и ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени. Печете еден час на 190 степени, првите 20 минути поклопена со фолија, потоа без фолија.

Кога куглофот сарма ќе биде готов, сервирајте го во голема тркалезна чинија и сечете го на парчиња.

 

x

Check Also

Слатко-солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. ...