Куќата на Микеланџело во Тоскана оди на продажба

Тосканската куќа која еднаш му припаѓаше на италијанскиот сликар и скулптор Микеланџело Буанароти, креаторот на прекрасната Систинска капела во Рим, оди на продажба. Има заинтересирани?

dom 2

Еден од најпрефинетите и најталентираните италијански сликари, освен за уметноста имал и префинети афинитети за домот во кој живеел. Тоа се гледа и од стилот на куќата во Тоскана која му припаѓала нему, и во која живеел.

dom 1

Овој фантастичен имот денес е на продажба по цена од  7, 100, 910 евра.

dom 4

Куќата е лоцирана во Кастелина, има 8 спални соби, 7 купатила, и опкружена е со магична спокојна атмосфера и природа.

Италијанскиот уметник ја купил куќата во 1549 година, а подоцна таа припаѓала на Буонароти семејството се до 1867. Новиот сопственик ја реновирал но го задржал стилот и духот.

x

Check Also

Топ 3 корисни кошули од новата колекција на H&M

Ако го сакате кежуал изгледот, популарната модна марка H&M нуди практични и шик ...