Летна дестинација број 1 за журкање до зори: Клуб Папаја во Хрватска

Незаменливи летни забави после плажа, спектакуларни ноќни забави со познати диџеи, поглед од клубот на чистото Јадранско море и планината Велебит, ова се само некои нешта што го прават Папаја најдобар клуб во Хрватска и 23-ти најдобар клуб во светот.

papaja 3

Клубот Папаја кој се смета за најдобар летен клуб во Хрватска се наоѓа на плажата Зрце во Новаља, на островот Паг, а прочуен е по најдобри забави под отворено небо и по фестивали. Се протега на 32.000 квадратни метри со капацитет да прими околу 4.500 луѓе.

papaja 4

Во Клубот Папаја гостуваат светски познати диџеи, а некои од нив се враќаат тука и по повеќе пати како на пример, Тиесто, Армин Ван Бурен, Ники Ромеро, Димитри Вегас, Карл Кокс, Пол Ван Дајк, Свидиш Хаус Мафија и други.

papaja 1

Во клубот се организираат по две забави дневно за време на летните месеци.

 

x

Check Also

Топ 3 европски центри за прочистување на телото

Може ли да претпоставите колку негативни материи носиме во нашиот организам предизвикани ...