LEVI’S® брендот се здружи со Алиша Кис за новата женска џинс колекција

Глобалната кампања ја слави индивидуалноста, автентичноста и стилот.

levis

Новата кампања на Levi’s® брендот се гради околу темата „Живеј во Levi’s®“, заедно со глабалниот артист, мулти-Греми победнички пејач и текстописец, продуцент и активист –  Алиша Кис која го позајми својот препознатлив глас и стил на Levi’s® брендот за дебитирање на целосната нова, транформирана, женска џинс колекција. Levi’s® брендот нема само да го прикаже уникатниот персонален стил и индивидуалност на Алиша, но исто така ќе го претстави нејзиниот моќен глас преку ексклузивната песна која служи како тонски запис на кампањата насловена како „28.000 денови“.

„Кога сте веродостојни на самите себеси, многу сте горди и моќни. Дојдов до сознание дека сум „џинс девојка“. Се чувствувам најсамоуверено, најудобно, секси и силно во моите фармерки“ – вели Алиша Кис. Levi’s® е за секоја жена… има по нешто за секого… како и во музиката, Levi’s® ги зближува луѓето од сите животни патишта и култури поблиску.“

levis 2

Повеќе од 80 години, жените носат Levi’s® за да се чувствуваат самоуверено и силно, за да го изразат својот бренд на оригиналност и персонален стил. И за 80 години, брендот се опседна да го направи совршениот женски пар џинс. Брендот ја измисли оригиналната фармерка во 1873 година – исконските 501, потоа ги креираше првите тексас фаррмерки за жени во 1934 година, револуцинионирајќи ја женската мода засекогаш. Осум декади Levi’s® поднаучи две-три работи за женското тело: како да ја опфати неговата форма, стилот кој сакаат да го носат жените и деталите што ги трансформираат добрите џинс во совршени.

За есен 2015, Levi’s® го собра сето знаење, го искомбинира со иновацијата и релевантноста на денешницата и направи макотрпно истражување со фановите насекаде во светотот за да креира трансформативна женска џинс колекција зацврстена во клучните фитинзи, стилови и детали кои жените ги сакаат. Употребата на најновите иновации во текстилот и технологиите на виткост, најнапредните растегливи и обновливи материјали, детали со автентичен потпис на Levi’s® и светски завршни потези, Levi’s®  ги креираше совршените џинс прикладни за секоја форма на тело.

levis 4

Не треба многу претставување на Алиша Кис. Таа е безвременски талент со автентичен глас и стил, кои ја прават идеален дел од Levi’s® брендот. Има добиено безброј награди од нејзиното дебитирање во 2001-та година, но нејзината емотивност и веродостојност ја направија глобална икона, почитуван филантропист и претставник на каузите во кои верува.
Таа сака да ги инспирира и да се поврзе со нејзините фанови преку својот моќен и искрен глас.

„Луѓето „живеат“ во своите Levi’s® откога го измисливме џинсот.Тие ги искусуваат сите авантури кои светот може да ги понуди, притоа искажувајќи го сопствениот бренд на автентичност и уникатен личен стил. Алиша Кис го отелотворува духот на брендот и го доведува во живот на инспиративен и резонантен начин за сите жени насекаде во светот“ изјави Џен Шеј, маркетинг директор на Levi’s® брендот. „Горди сме на нашата нова женска џинс колекција во соработка со Алиша. Таа навистина го репрезентира она што Levi’s® брендот го претставува.“

Најновата „Живеј во Levi’s®“ кампања продолжува да оддава почит на историјата од 140 години на постоење на брендот, кој е постојан продружник на оние кои ги носат фармерките и ги сакаат. Тие – од рок ѕвезди до претседатели, фармери до модни икони, претприемачи до секој човек. Кампањата ги спојува дигиталните и социјалните платформи, телевизијата, кинематографијата и печатените форми на глобално ниво, целејќи да ги вклучат и активирааат потрошувачите преку реални и виртуелни настани, како и преку мобилни и in-store искуства. Сите креативи го доловуваат духот на исконскиот Levi’s® бренд кој секогаш е олицетворение на настаните кои се случуваат во своето време.

Па, како живеете во Levi’s®?

#LiveInLevis

#LadiesinLevis

Levi’s® брендот може да го најдете во продавницата на Fashion & Friends во Скопје Сити Мол.

 

 

x

Check Also

10 слатки модни изгледи од пролетната колекција на Pull&Bear

Младите можат да уживаат во кежуал стилот кој ни го носи популарната ...