Уникатни новогодишни честитки на дизајнерите со лицата со Даунов синдром

Предновогодишната работилница која се одржа вчера во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје, донесе уникатни новогодишни честитки и дружба на македонските дизајнери со лицата со Даунов синдром.

Лицата со Даунов синдром уште еднаш ја покажаа својата креативност

Лицата со Даунов синдром уште еднаш ја покажаа својата креативност

Модните дизајнери Ирина Тошева и Олгица Ѓоргиева, графичкиот дизајнер Емилија Мишева Ставрова и студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет, разменуваа идеи и ги поттикнуваа вештините на лицата со Даунов синдром а компанијата „Линеа“ ги израдува сите учесници со новогодишни пакетчиња.

ds2

ds 7

Работилницата која беше организирана од  „Јавна соба“ и Моден викенд Скопје, со помош на активистките Марија Матовска и Росица Колева кои долги години се занимаваат со поддршка  на лицата со Даунов синдром, има за цел да допринесе за личниот развој и рамноправен статус на овие лица во нашето општество, како и да покаже дека и покрај својата попреченост лицата со Даунов синдром се со многубројни таленти.

ds 6

Во Македонија постепено се зголемува бројот на организации и индивидуалци кои посветуваат големо внимание на развој и општествена инклузивност на лицата со Даунов синдром.

daunov sindrom 1

 

 

x

Check Also

Моден ТЕСТ: Со која икона на стилот се идентификувате?

Интересен моден тест кој ќе разотрие многу за вашиот стил, но и ...