Лила: Златото се проверува со оган, жената со злато, а мажот со жената

„Соработката со „Адор голд“ започна пред неколку месеци, после краток разговор со сопствениците Елза и Енди. Елза направила свое лично истражување за тоа кој овде, во Македонија, може најдобро да го „износи“ нејзиниот бренд и се одлучила за мене. Тие ги следат трендовите и добро знаат која е моќта на социјалните мрежи и секако, моето влијание на нив. Со оглед на нашиот заеднички успех, за релативно кратко време, доаѓаме до заклучок дека сме направиле одличен договор!“, вели популарната водителка Лила Стојановска.

 

Колку накитот може да ја потполни модната комбинација?

– За мене накитот секогаш имал посебно место во моите модни комбинации. Тој е неизбежен и истовремено потребен моден детаљ. Особено вреден ако е златен. Просто, уживам да гледам како златото сјае на мојот врат или на моите раце!

Резервиран ли е накитот само за свечени пригоди или го комбинираш и за „кежуал“ излегувања?

– Како што постојат „кежуал“ модни комбинации, така постојат и „кежуал“ златни парчиња накит. Златото е дозволено во секаква модна комбинација, освен во спортска, иако и тогаш не забрането. Затоа што секој има право на избор. Внимавам само премногу свечените парчиња накит да не ги носам преку ден, а сѐ друго комбинирам во зависност од расположението и приликата. А, во „Адор голд“ не постои шанса да не најдеш билошто што ќе ти падне на памет. Кај нив не постои зборот „нема“.

Летото е сезона на забави и прослави кои бараат елегантен изглед. Кои модели од новата колекција на накит ги препорачуваш за впечатливо заокружување на вечерниот моден изглед?

– Со оглед на тоа колку бргу ги распродаваат парчињата накит, кај нив нема стара колекција. Сѐ е ново. Елза има непогрешлив стил и доколку клиентите немаат идеја, таа ќе им помогне. А мене ако ме прашуваат, нека ги отворат фотографиите на Инстаграм и ќе видат кои ми се фаворити.

Што би им препорачала на идните невести?

– Да не се „секираат“ како ќе изгледаат, зашто со накитот од „Адор“ ќе бидат уникатни и гламурозни. И само нека си уживаат во денот!

Доколку би се одлучила и ти да стапнеш на „лудиот камен“ за каква бурма би се одлучила?

– Кога ќе видите каков избор на бурми имаат, тешко дека брзо ќе се одлучите. А јас имам еден фаворит од бурмите, така што ми остана уште да ме запросат (се смее).

Златото се проверува со оган, жената со злато, а мажот со жената, колку се согласуваш со оваа изрека?

– Се согласувам, но би додала уште нешто. Никогаш вистински нема да ја запознаеш жената, сѐ додека не видиш каков накит носи.

Продавницата за накит „Адор голд“се наоѓа во Старата скопска чаршија. Повеќе информации на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/adorjewelry/

x

Check Also

8 модели на сини фустанчиња од популарните модни марки

Сината нијанса е фаворит за летната сезона, а уште кога ја гледаме ...