Лиле Корубин: Во новите мозаици вметнав и тантела, дрво и трета димензија

Во Уметничката галерија во Кумано денес со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена четвртата самостојна изложба на уметницата и моден дизајнер Лиле Корубин. Темата на изложбата на мозаици е љубовта, како што е насловен и еден од серијата нови мозаици кои Корубин ги работела во текот на изминатата и оваа година.

lile 8

„Секој човек има и ја носи сопствената приказна. Јас ја имам таа среќа да можам да се изразам најдобро преку формата и бојата. Ако порано тоа беше модниот дизајн, во последниве десеттина години сум посветена само на сликата во камен, мозаикот. Темата на оваа изложба е љубовта. Така е и насловен еден од моите мозаици кој е на предната страна на каталогот. Љубовта во секојдневниот живот, енергијата и радоста на живеењето со сите треперења и импулси. Природата со сета нејзина убавина ме маѓепсува на секое мое патување, секогаш е нова сензација и неповторлива“, објаснува Лиле Корубин.

Колку дела ќе бидат претставени?

На оваа изложба ќе бидат претставени десет нови мозаици, работени минатата и оваа година, и 15 постари мозаици.

lile 9

До сега при изработката на мозаици употребувате различни камчиња, добар дел од нив и скапоцени, но од претходната ваша изложба до сега откривте ли уште некое камче кое го внесувате во оваа возбудлива уметничка игра?

Секој камен е приказна за себе. Меѓутоа, неговото значење се менува во зависност од опкружувањето и односите со другите материјали. Тој однос на материјалите е креативна енергија што ја носи истовремено и причината за настанување на новиот мозаик. Овојпат вметнав и тантела, дрво и трета димензија.

Кому ги адресирате вашите дела?

До секој кој ќе се препознае во нив. Ние луѓето имаме повеќе заеднички работи отколку разлики.

 

Каде можат да се купат мозаиците од актуелната изложба?

Заинтересираните можат да ме контатираат мене или преку галерија Мартин и галерија Арте.

Зошто го одбравте Куманово?  

Куманово, бидејќи поканата дојде од нив, а и јас сакав нова средина. Директорката Анита Цветаноска е одличен менаџер кој бара нови и интересни автори. Просторот е прекрасен, а гостопримството извонредно. Сакам кога луѓето се радуваат.

Ќе ја видиме ли истата изложба и во Скопје?

Во Скопје, здравје Боже, догодина.

 

x

Check Also

Последни цени во продавниците на Fashion Group!

Од 15-ти до 22-ри февруари во продавниците на Fashion Group започнува кампањата ...