Листа на желби: Белите чизми од Манго

Кога помисливме дека црвените-чорапи чизми се најпотребните обувки кои треба да ги имаме оваа есен/зима, од Манго ни пристигна уште еден хит – бели чизми.

По успехот на црвените чизмички од Манго кои го освоија Инстаграм, Манго ни нуди нов модел на чизми кои подеднакво брзо станаа хит на социјалните мрежи. Во „чиста“ бела боја и со дебела потпетица, во овие чизмички наоѓаме ретро вибрации.

Иако прво што ни паѓа на ум е да ги комбинираме со фармерки и џемпер, Инстаграм-фотографиите успешно не премислија да ги носиме со трендовски кариран костум или со сукња со полка точки.

Повелете инспирација.

x

Check Also

8 туники-фустани од Massimo Dutti

Новата колекција од Massimo Dutti ни носи преубави туники-фустани со ролка или пак ...