Најдоброто од 2014: Љубовното писмо на Стефано Габана до Доменико Долче

 „Се се промени, но сепак се уште ништо не се промени”, му пишува Габана на неговиот деловен партнер и поранешен љубовник Доменико Долче.

DG2

Двајцата модни креатори Долче и Габана беа во емотивна врска цели 20 години, но денес се само деловни партнери. Писмото на Стефано Габана до неговиот поранешен љубовник Доменико Долче вчера беше објавено во италијанскиот дневен весник Кориере дела сера, на денот на отворањето на Модната недела во Милано, но со цел да се прослави претстојниот Фестивал на писмата кој ќе се случува на 3 октомври. На Фестивалот ќе бидат презентирани писмата на повеќе познати италијански уметници кои се поканети да напишат емотивно писмо до нивните поранешни љубовни партнери.

Во текстот се раскажува и како оваа двојка се сретнала, кога Долче бил на 17-годишна возраст, а Габана имал 21 година и сакал да стапи во контакт со познатиот кројач Џорџо Кореџиари, а тој контакт му го овозможил  токму Долче кој работел како помошник кај него. Врската почнува веднаш штом Габана се приклучува на атељето.

Во 1985 година тие ја лансираа нивната марка „Долче и Габана“, која набрзо станува славна, со годишен обрт од милион долари. Во 1999 година двојката се разделува, и двајцата влегуваат во врски со нови партнери. Но, нивниот бизнис никогаш не се растури. И двајцата живеат близу еден до друг, во иста зграда, еден на едниот, друг – на вториот кат. Заедно одат на сите празници и прослави, беа доволно паметни за да останат добри пријатели.

Драг Доменико,

Никогаш не сум ти напишал писмо. Можеби затоа што никогаш немало потреба од многу зборови меѓу тебе и мене. Секогаш сме се разбирале со поглед. Првпат ти пишувам, и морам да ти признаам, ова ми изгледа чудно.

Во текот на интервјуата брзо ги разменуваме речениците, како пинг-понг игра, јас ја започнувам реченицата а ти ја довршуваш, дури и не си ја завршил мислата кога јас веќе те прекратувам, одговарам и ја довршувам твојата започната мисла.

Но сè е поинаку со пенкало и едно парче хартија, зборовите се потешки, подлабока им е вредноста која засекогаш ќе остане тука, единствена, таква каква што е, ти беше и секогаш ќе бидеш дел од мене.

Заедно ја создадовме „Долче и Габана“, од нула, со силата на нашата љубов постигнавме се што имаме. Поддржувајќи се, успеавме да надминеме многу тешкотии и предрасуди. Дури и денес, благодарение на тоа нераскинливо чувство што нè поврзува, можеме да продолжиме да се соочуваме со среќата и тагата кои животот ги чува за нас.Ти си моето семејство. Минаа многу години откако прв пат го слушнав твојот глас, од другата страна на телефонската жица, се промени се ‘, а сепак ништо не се промени. Љубовта која тогаш ја чувствував само се трансформираше, и продолжува да ме дарува со толку многу убави чувства. Ти си и секогаш ќе бидеш единствен во мојот живот, исто како и ова писмо што ти го пишувам.

Те сакам,

Стефано

x

Check Also

Пролет/лето 2017 во Fashion&Friends: Сезона на бои и различност

  Пролетта во Fashion&Friends е разиграна, разнобојна, динамична и енергична. Колекциите на ...