Маја Арангеловска: Имам некои модни детали од Луј Витон кои би ги издвоила како најскапи во шкафот

Просто уживам да одам на шопинг, да си го збогатам мојот гардеробер со некое ново парче облека.

maja glavnaКолку пари месечно издвојуваш за гардероба?

Многу! Најмалку два пати месечно одам на шопинг и последниот денар го давам за некоја убава чанта, накит, џемпер или чевли.

maja 5

Каде најчесто купуваш?

Најчесто во Њу Јоркер, Зара и некои слични марки кои се присутни кај нас. Патем, не се „палам“ на маркирана гардероба, доброто парче и за малку пари може да се најде, секако ако знаеме што бараме и ако имаме стил.

maja 6

Најсакано парче гардероба?

Хм, имам доста парчиња кои ги фаворизирам, но ете, би го издвоила џемперот што зимава го купив од Риплеј. Некако ми е посебно драг, има интересна боја и дизајн.

maja 3

Најевтино парче гарероба во шкафот?

Не би знаела да одговорам. Голем дел од некои класични маички ми се купени на сеознски попуст во некои продавнички низ Скопје.

maja 4

Најскапо парче гардерова во шкафот?

Како што веќе реков, не патам по маркирани парчиња. Парчето облека може да е убаво и „кул“, а да биде и евтино. Но имам некои модни детали од Луј Витон, кои ете би ги издвоила како најскапи во гардароберот. Економската криза ја тресе Македонија, па со тоа и марките станаа луксуз.

maja 2

На жена не сакам да видам?

Искрено, за себе мислам дека имам оформен, специфичен стил, па кога ќе видам девојка, односно жена со повеќе од три бои некако ми дава лоша слика за нејзината внатрешност. Сепак, стилот е индиго на човекот.

maja 1

Омилен дизајнер?

Ја следам модата и љубител сум на истата. Ние имаме многу интересни и креативни дизајнери во Македонија. Но ете, јас некако повеќе ги фаворизирам оние од странство, па би го издвоила Александар Мек Квин. А ако сме веќе кај македонските дизајнери ми се допаѓаат Роберт Ивановски и Маја Кикириткова.