Маја Илиоска: Има ли шик парче облека некаде, и ете ме и мене таму!

Манекенката Маја Илиоска ги открива своите модни страсти.

маја 7

Колку месечно издвојуваш на гардероба?
Купувам секогаш кога некое парче облека ќе ми се допадне. Не изоставувам ни еден месец, гардероба, чанти, накит, буквално се’. Затоа и секој месец е различно, па конкретна сума на пари која ја издвојувам на гардероба не би знаела да кажам.

маја 6

Каде најчесто купуваш?
Купувам насекаде, има ли интересно и шик парче облека или моден додаток некаде, и ете ме таму и мене! Често ги посетувам Калиопе, Теранова, Евро – Азија… од оние попознатите продавници, но редовно разгледувам што има ново и во други гратски бутици.

маја 5

Најсакано парче гардероба?
Како најсакано парче гардероба можам да ги издвојам двете тоалети за полу-матурската и матурската вечер. На двете доминира црвената боја, мојата најомилена боја.

маја 3

Најевтино парче гардероба?
Имам многу парчиња гардероба кои сум ги купила на сезонски попуст во бутиците, кои навистина одлично ги комбинирам во повеќе варијанти.

Најскапо парче гардероба во твојот шкаф?
Ги издвојувам очилата Полис e и часовникот  Сеико, како најскапи модни додатоци кои ги имам.

маја 2

На жена не сакам да видам?
Несоодветно искомбинирани парчиња облека, без сопствен стил, мислам дека не и’ прилегаат на ниедна дама.

маја 1

Омилен дизајнер?
Иако сум фан на светските дизајнери, нашите ми се повеќе при срце. Наташа Карчева, Силвија Михајловска, Елена Лука, Небојша Толевски, Елена Љутикова, Билјана Каран, Сека Радончич, Тања Кокев, Ненад Секирарски, Маја Кикириткова, Антонија Ристевска, тие се навистина дизајнери на кои им се восхитувам. Со поголемиот дел од нив имам и соработувано и секој од нив остава различен печат врз модата кај нас.