Маја Поцевска: Да не бидам лажно скромна имам атрибути,ама она што е најважно е енергијата што ја носиш и шириш околу себе!

„Имам цврста мускулатура и правилни црти според мои критериуми, така да не ми е потребна естетската хирургија. Има добри градници кои ги изразуваат градите, и тоа е тоа“, вели водителката Маја Поцеска.

maja 123456

Какво е твоето мислење за пластичните интервенции? Дали си „за“ и дали нешто би променила, додала на себе?

Ова прашање е многу актуелно овде кај нас. Естетската хирургија постои поради одредени желби и потреби, а секој има право да одлучува за себе, некој сака да го корегира носот, некој ушите, и тоа е негов проблем, ако така е посреќен нека прави што сака со неговото тело…Затоа не размислувам за естетската хирургија, таа постои за тие на кои им е потребна.

Значи ни до сега немаш направено никаква естетска интервенција?

Имам цврста мускулатура и правилни црти според мои критериуми, така да не ми е потребна естетската хирургија. Фала му на бога и на моите родители, а и на тоа што цел живот се бавам со спорт, класичен балет, па фитнес, тоа е доволно. Има добри градници кои ги изразуваат градите, и тоа е тоа. Можеби кога ќе подостарам ќе направам некаква интервенција, ама сега за сега нема потреба.

maja 1

Кој дел од своето тело го сметаш за најсилна страна?

Па, да не бидам лажно скромна имам атрибути, ама она што е најважно е енергијата што ја носиш и шириш околу себе ако си намќор и ограничен, џабе е се. Не е клише, но дефинитивно енергијата според мене е најважна и кај мажите и кај жените, тоа е тоа што плени, сјајот во очите и топлината.

Секоја твоја постирана фотографија на социјалните мрежи собира над 100-тина „лајкови“, а често и таа бројка достигнува над 1.000. Што мислиш што ги тера твоите виртуелни пријатели да стиснат на копчето „лајк“?

Ме радува што моите фотографии добиваат толку „лајкови“, тоа е знак дека им се допаѓаат, а зошто, не би можела да кажам… Веројатно секој од своја побуда, за некои луѓе изгледам провокативно, некои велат дека зрачам позитивно, некои ме познаваат па сум им драга личност, како и да е драго ми е што лајкуваат толку многу различни профили на луѓе, и жени и мажи

maja 2

Каде се чувствуваш повеќе своја, пред фотообјективот или пред телевизиската камера?

И пред фотобјективот и пред камерата сум јас. Јас никогаш не глумам и не ми е оптоварување, но пред камерите се реализирам на деловен план, тоа е моја професија која ја сакам и која 14 години ја работам. Тоа сум јас

На што моментно ти е насочено вниманието?

Во моментов уживам во вишокот слободно време и добро го организирам за себе, мојата ќерка и сите мои драги луѓе, но и за чести патувања надвор од градов и државава.

maja 5555

Пет модни додатоци на кои секогаш си им верна.

Обетки, часовник и очила за сонце, тие се модните додатоци кои најчесто ги носам. А останатите ги комбинирам по потреба и во зависност од пригодата.

 

x

Check Also

MANGO модни додатоци поради кои едвај ја чекаме пролетта!

Никогаш поубави и повесели не биле модните додатоци најавени за сезоната пролет/лето ...