Маја Поцевска: Не штедам на гламурна тоалета! (ФОТО)

Колекционерка е на луксузни фустани. Ја сака вечерната тоалета, вели, во неа се чувствува посебно и уникатно.

maja poceska 0

Страст на водителката Маја Поцевска е гламурниот изглед.

„Толку многу сакам убави, елегантни фустани што не штедам на нив. Го сакам гламурниот изглед, а за тој да се постигне потребен е и соодветен накит и посебни чевли. Кога сум така облечена за некој настан, најмногу ми се допаѓа мојот одраз во огледалото“, вели Маја

maja poceska 1

Но, страста не застанува само на фустаните. Маја има и огромен број на чевли во својот шкаф.

maja pocevska 4

„ Претпоставувам дека 90 отсто од жените ја делат истата страст со мене – чевлите! Кога ќе видам чевли кои ќе ми се допаднат морам веднаш да си ги купам, доколку тоа не го направам не можам мирно да заспијам. Па, првото нешто што го правам следниот ден, одам по нив, ги купувам и одеднаш денот ми станува поубав и повесел. Никогаш не купувам евтини и неквалитетни чевли. Сакам да се кожени, удобни, со висока потпетица и се разбира, модерни. Чевлите секогаш ги забележувам и кај другите, прво што забележувам всушност  е какви чевли носат, тоа некако ми зборува за нивната личност.“, додава таа.

maja pocevska 5

maja pocevska 7

 

maja povecska 8

x

Check Also

Јована Стојменовиќ: Кога има страст ништо не е тешко и никогаш не е здодевно

„Многу луѓе ме прашуваат како можам со години да станувам во пет ...