Македонската мисица отпатува за Кина: Среќно, Емилија!

Емилија Розман, претставничката на Македонија на најпрестижниот избор за убавина Мис на светот, утрово отпатува за Кина.

„Девојките на ваков избор за убавина одат со цел тим на дизајнери, фризери, менаџери, шминкери, тренери…јас пак, одам сама со својата енергија, и тоа е единствениот ас кој го имам во ракав“, вели Розман.

65-то издание на Мис на светот ќе се случува во Кина, во јужниот град Санија, на 19 декември, а на него ќе се натрпеваруваат 121 девојки од исто толку земји.

Среќно, Емилија!

x

Check Also

12 модни изгледи од зимската колекција на Манго кои ги обожаваме!

Шпанската популарна модна марка Манго ја отвори вратата на зимската сезона најавувајќи ...