Македонски и бугарски модни компании со заеднички настап во Штип

Пет македонски и пет бугарски текстилни компании ќе ги презентираат своите  колекции на 28 ноември (сабота) во галеријата „Безистен“ во Штип, во организација на македонскиот Текстилен кластер во соработка со Моден викенд Скопје.

Станува збор за производите на македонските фабрики АСТИБО , ФЕШН ГРУП, АМОР, ВАСИДОРА, КУЛИ и ЛАРС, и бугарските: ВИТАЛ, ПИРОС, НОВ СВЕТ, МАРТЕКС И SILVER DAY.

Ревиите се во рамките на пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности“ кој Текстилниот кластер од Макеоднија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија .

„Целта на оваа активност  е да се подигне имиџот на текстилната индустрија преку заедничко претставување на колекции на текстилни компании од Македонија и Бугарија пред публика составена од државни и образовни институции, донорски организации и останати гости. Проектот  придонесува да се оценат сегашните капацитети на индустријата за текстил и облека во пограничниот регион со цел да се развијат мерки кои ќе обезбедат реални решенија за надминување на проблемите на секторот. Во следната фаза проектот предвидува изградаб на регионален бренд за настап на трети пазари“, вели Наташа Сивевска –извршен директор на Текстилниот кластер.

Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за Погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија а организациона и логистичка поддршка е обезбедена и од  Опшината Штип.

За шминка и фризура на моделите од модната агенција „Подиум“  ќе се погрижи салонот за убавина „Silhouette Штип“.

x

Check Also

Пролет/лето 2017 во Fashion&Friends: Сезона на бои и различност

  Пролетта во Fashion&Friends е разиграна, разнобојна, динамична и енергична. Колекциите на ...