Македонски победници на Мис и Мистер Галакси 2015

Во концуренција од над 50 учесници од целиот свет, Македонија имаше три претставници и сите се враќаат со титули.
mis1
Минатиот викенд во Банско, Бугарија, се одржа изборот за Мис и Мистер Галакси 2015, за деца и тинејџери. За Прва принцеза (односно прва придружничка) Мис Галакси 2015 во најмалата возрасна група беше прогласена скопјанката Симона Николовска, која има пет години.
mis2
14-годишната Ива Мирчевска Стојмилова, исто така од Скопје, во конкуренција на тинејџери ја освои титулата втора придружника Мис Тин Галакси 2015, а 16 годишниот Кристијан Ивановски од Кавадарци во конкуренција на тинејџери го освои првото место и титулата Мистер Тин Галакси 2015.
Сите се членови на Модното Студио Црнокрак кое ја ппоседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.
x

Check Also

4 модели на сандали кои ги сакаме сега и веднаш!

Сандалите се неизбежни обувки за време на жешкиот период од годината, а ...