Македонските блогерки го форсираат ретро стилот (ФОТО)

[sociallocker id=”5258″]Ретро фото инспирација. 

Елена Јаневска

Елена Јаневска

„Следејќи ги модните трендови и листајќи ги блоговите на блогерките од целиот свет заклучив дека денес гледаме еден голем микс на модата од 60-те, 70-те, 80-те, па и 90-те години. Секоја сезона нуди нешто ново кое се надоврзува на веќе постоечкото или веќе постоечкото доживеало измени. Со „прошетка“ низ децениите од секоја извлеков по нешто.

Ќе почнам од 90-те години, карираните кошули од тој период повторно се враќаат во мода, па ако ви се сочувани некаде во шкафот, побарајте ги и искористете ги. Ако големината сега не ви одговара, кошулата можете да ја носите како моден додаток, едноставно врзана околу половината. Левис фармерките со малку подлабок струк и комбинезонки, неколку маички со принт и сезоната може да започне.

Ако пак сте љубител на дречливите бои и сакате да бидете забележани, „отпатувајте“ со модата во 80-те години. Дреч хеланки, кратки маички, натапирани фризури и неизбежниот розов кармин. Ако оваа мода е ваш фаворит од трендот наречен ретро, набавете и очила за сонце во некоја откачена боја.

70-те се за оние кои ја сакаат елеганцијата, а најголемиот моден хит за оваа сезона се таканаречените палацо панталони кои се преземени од 70-те. 70-те дишеа во правилото „или нека се влече или нека е екстра кратко“ па така изборот може да биде или долги и широки панталони или краток тексас или шорц. И дојдовме до 60-те. Тиролките и класични прави фустани без нагласување на фигурата. Рамни кратки сукњи или бермуди искомбинирани со кошула и лесен кардиган.

Ако сте љубител на модата од 60-те набавете лента за коса или некое шеширче“, вели модната блогерка Елена Јаневска.

Уживајте во фотографиите од македонските модни блогерки кои ја покажуваат својата ретро инспирација.

Русевска Анита

Анита Русевска

Модната ФБ страница на Анита можете да ја погледнете тука.

Александра Митевска

Александра Митевска

Блогот на Александра можете да го погледнете тука.

Сања Велковска

Сања Велковска

Модната ФБ страница на Сања можете да ја погледнете тука.

Марија Михаилова

Марија Михаилова

Модната ФБ страница на Марија може да ја погледнете тука. [/sociallocker]

x

Check Also

Мадеро терапија – најефикасна во намалување на масните наслаги

„Мадеро терапија“ е вид на масажа која се базира на користење на ...