MANGO го презентира „Племенскиот дух“ со Кендал Џенер

Ова е првата адвертајзинг кампања која следува по лансирањето на концептот „Fast Fashion. Кендал Џенер позира за колекција која е создадена од природни материјали и со апликација на етно мотиви.

man1

MANGO го презентира „Племенскиот Дух“, првиот од четирите трендови кои ќе бидат прикажани во рекламните кампањи за пролет/лето 2016. Брендот ги соопшти вестите по известувањето за новата стратегија на компанијата, базирана на „Fast Fashion“ и лансирањето на различни адвертајзинг кампањи секој месец, претставувајќи го моменталниот тренд, заедно со заштитното лице кое го дефинира истиот. За оваа прилика компанијата се ослони на познатата американска манекенка Кендал Џенер за да ја претставува колекцијата на несопирлива убавина и културна фузија, карактеристична за најдивите савани.

„Племенскиот Дух“ е февруарски тренд инспириран од етно мотивите. Комбинацијата на материјали со принт и антилоп го оживува природниот карактер на обичниот тренд за време на летната сезона. Експлозија на земјени нијанси, со бои како сенф, кафени и песочни тонови се комбинираат со изобилство на модни додатоци за да се создадат комбинации со племенски влијанија и слободен дух.

mang 6

За колекцијата и нејзината последна соработка, Кендал вели: „Почестена сум што ме избраа да го претставувам делот на „Племенски Дух“ од колекцијата. Уживам да ги носам парчињата, материјалите и формите – навистина ја отсликуваат привлечноста на природата од која  е инспирирана колекцијата. Сликите кои ги направивме на сетот ги рефлектираат природните нијанси, истовремено покажувајќи убави и маркантни парчиња! Снимањето беше навистина одлично и работењето со целиот тим на MANGO беше неверојатно искуство!“

Редовно на врвот на модните писти, Кендал има соработувано со брендови како Шанел, Ботега Венета, Фенди и Живенши, како и многу други. Кон крајот на 2015 година, беше именувана за највлијателната девојка во светот, заедно со нејзината сестра Кајли, прогласена од Тајм магазинот.

Кампањата е изработена на почетокот од декември и истата е сликана во неколку познати фотографски студија во Лондон. За време на снимањето, за шминка и фризура беа одговорни Лучија Пиерони и Паул Ханлон.

Кампањата ќе биде видлива на улиците и преку различните адвертајзинг форми на брендот од 1-ви февруари.

x

Check Also

MANGO модни додатоци поради кои едвај ја чекаме пролетта!

Никогаш поубави и повесели не биле модните додатоци најавени за сезоната пролет/лето ...