Марија Кочевска: 10 работи поврзани со трансформација на вашето тело за кои никој не ви кажува

Еден ден вашиот обид ќе се претвори во успех. А во меѓувреме, веројатно ќе ве пресретнат повеќе замки на патот до успехот, кои ќе мора да ги совладате, со малку волја. Со исти или слични искуства сите сме се соочувале на тој пат, а Марија Кочевска – сопственичка на клубот „60 минути“ – ни ги посочува 10-те работи поврзани со процесот на телесната трансформација.

Марија Кочевска

Марија Кочевска

 

  1. Мора да превземете значителна акција.

Умот е тој што го движи вашето тело. Па така, за да ја надвладеете желбата на сопственото тело да се задржи во одредена положба, неопходно е да го истренирате мозокот да превземе нова акција. Држењето на диета, само по себе, не е доволно доколку сакате да симнете пет или повеќе килограми. Почнете со превземање јасна и конзистентна акција секој ден со цел да направите промена. Останете целосно посветени и упорни.

marija 3

  1. Мора да бидете решителни и постојани за да го убедите вашето тело дека сте сериозни околу овие промени.

Знаете како изгледа кога ќе вложите толку многу труд и напор да бидете фит и во форма, а после само кратка пауза или  одмор се чувствувате како да сте се симнале неколку фитнес нивоа подоле. И навистина е така. Ми требаше доволно долго време да се соочам со овој факт. Со цел да се вратам барем едно ниво погоре, требаше да бидам навистина постојана со бројот на тренинзи и интензитетот на тие тренинзи. Беше потребно на сопственото тело да му оставам и доволно одмор за закрепнување, но не и премногу.

marija 2

  1. Потребни се цели 10 дена за да забележите резултати од било која ново-превземена акција.

Ова важи за нова диета, нов начин на исхрана или нов вид на тренинг. Вашето тело е отпорно на промени, но и многу успешно во адаптирање. Ако се стимулира постојано, многу веројатно е дека ќе соработува со вас и ќе се приспособува. Ако имате желба да пробате нова стратегија, нова диета, на пр. Палео диета, еден ден од програмата нема да биде доволен за да ги почувствувате целосните ефекти од диетата. Задолжително е секој план да го проследите цели 10 дена со цел да воочите одреден резултат.

  1. Кај жените, воочлива промена може да се забележи со 80% диета и 20% вежбање.

Во текот на годините научив да бидам свесна за храната што ја конзумирам. Сега сум способна да не отстапувам од начинот на исхрана кој е високо нутритивен во рок од минимум 10 дена и да ги забележам промените на моето тело. Ако применувам одреден начин на исхрана, мускулите ќе почнат видно да ми се забележуваат. Ако се хранам правилно, ќе забележам видливо зголемување на мускулна маса. Се тоа зависи од количината на протеини, масти и јагленихидрати кои ги внесувам во одреден период.

  1. Јагленохидратите не се ниту „добри“ ниту „лоши“, но начинот на нивно конзумирање има голема разлика.

Во периодот на континуирано вежбање, открив дека морам да бидам сигурна околу внесување на потребната количина јагленихидрати пред и после тренинзите, со цел да функционирам подобро, да се чувствувам подобро и да постигнам најдобри резултати.

marija 100

  1. Додатоците наменети за спортисти можат да придонесат за подобар тренинг и подобро закрепнување после тоа.

Обожавам да вежбам. Но, на почетокот многу често страдав од недоволно енергија, скоро никогаш не се чувствував доволно енергична за тренинг кој се состои од кревање тежина. Бев убедена дека проблемот е до мене, до мојата психологија и дека ништо не можам да превземам околу тоа. Низ процесот на трансформација на моето тело, открив дека одредени додатоци во исхраната ми помогнаа значително. Со нивна правилна комбинација бев навистина посилна и се чувствував одлично дури и за време на интензивни тренинзи.

  1. Што поспоро почнувате, толку побрзо ќе забележите резултати.

Егото е моќен дел од вашата личност. Негова задача е да ве убеди дека вие сте совршени и супер фит. Дури 85% од моите клиенти доаѓаат верувајќи дека се во подобра форма отколку што навистина се. Истото беше случај и со мене. Пред моето тело да доживее трансформација, јас не бев толку силна и фит, колку што мислев дека сум. Мојот ентузијазам во теретаната значеше дека одам со тенденција да вежбам премногу интензивно уште на самиот почеток. Откако престанав да вложувам премногу напор во салата, забележав дека напредувам многу побрзо.

marija 9

  1. Промената е непријатна.

Дел од процесот на трансформација е да научите да ја прифатите таа промена и да се чувствувате удобно дури и кога не ви е најудобно. Кога тренингот стануваше навистина тежок, забележав дека си наоѓав причина да се откажам. Почнав да се откажувам од потешките вежби или си одев дома штом почувствував замор. Потоа сфатив дека за да имам напредок, ќе морам да го пребродам овој систем кој не функционира за мене. Наместо да се плашам од „склековите“, ќе се убедам дека се што морам да направам е да се обидам. И ако тој обид не успее, тогаш е сосема во ред. Но еден ден, мојот обид ќе се претвори во успех.

  1. Возраста не значи ништо.

Имаме вежбачки кои на 30 години се соочуваат со секојдневни болки. „Па јас сум во моите триесети сега“, велат. Но вистината, всушност е дека не се во форма. Како што доближуваат до четириесетите, имаат повеќе телесни масти од дозволеното. „Полнам 40 наскоро. Претпоставувам ова што се случува е нормално“, си мислат. Но тие се оние кои го предизвикуваат тоа размислување, па подоцна се изненадени од својот капацитет. Не наштетувајте си себеси, верувајќи дека возраста влијае на вашата способност да бидете повторно во форма. Бидејќи тоа дефинитивно не е така.

  1. Шеќерот и алкохолот сериозно ќе го забават вашиот напредок.

Верувам дека животот треба да биде забавен, и дека во умерени количини, шеќерот и алкохолот се сосема во ред. Сепак, трансформацијата на телото е многу потешка, далеку потешка, дури и со конзумирање на мала количина. Забележав дека моето тело ќе излезе надвор од зоната на согорување маснотии секогаш кога ќе внесам малку повеќе шеќер или алкохол. На крајот сфатив дека ако целта ми е целосна трансформација на моето тело, немам време да бидам надвор од оваа зона на топење масти. Решив да одам на „се“ или „ништо“. А алкохолот и шеќерот не се дел од тоа „се“!

x

Check Also

12 сандали со висока платформа (без потпетица) за пролет/лето 2017

Пријатни за носење и лесни за комбинирање, сандалите со платформа остануваат во ...