Марија Рафаиловска: Светот е креативно катче кое постојано ме инспирира

„Секогаш ме препознаваат по боите, внесувам многу колоритност во се што креирам. Така го гледам светот околу мене, во бои.  На се околу мене гледам како на едно креативно катче кое постојано ме инспирира“, вели креаторката Марија Рафаиловска.
marija

Плетењето е вид на медитација, нешто што опушта, а иглите оставаат траги на минато сплетени во нови дизајни. Како вие гледате на плетењето?
Плетењето е цела наука која опфаќа многу техники на изведба. Пред се тоа е стара техника чии почетоци датираат од дваесетите години. Плетењето е метод со кој конецот или предивото се претвара во облека или други мајсторски изработки. Сплетениот материјал се состои од последователни редици од врзувања наречени котелци. Како што се нижат редовите, ново врзување се протнува врз постоечкото . Активните котелци се држат на игла се додека друго врзување не помине низ нив.2 3 4 5Со овој процес се добива ткаенина која често се користи за облека. Плетењето може да се реализира рачно или машински. Постојат неколку вида и методи на рачно плетење. Различни типови на конци и игли можат да се искористат за да се добие изобилие на плетени материјали. Овие алатки му даваат на крајниот резултат различна боја, плетка, тежина или целокупност. Други фактори кои влијаат на крајниот резултат се формата на иглата, дебелината и ковливоста, како и типот на влакното од конецот , составот и растегливоста.
7 8 10
Кога се роди љубовта кон платењето кај вас?
Љубовта кон рачните плетки се роди уште додека бев малечка. Секогаш имав рачно сплетено капче, шалче, ракавички, елече, џемперче, разни додатоци како чанти и накит изработени од мојата мајка и моите драги бабички. Рачно сплетените волнени парчиња секогаш ми ја правеле зимата потопла, шарена и весела.13
Од љубов до бренд, како до идејата за Knitten Designs?
Како поминуваше времето моите бабички остареа и не беа во можност да ми ги остваруваат моите креативни волнени фантазии. А во продавниците се потешко се наоѓаа рачно сплетени ункати од волна. Оттаму се појави и идејата за Knitten Designs.
baner kd

Како се развиваат колекциите ? Што најчесто ве инспирира?

Во моите креации користам волница. Обожувам да експериментирам со бои,  добрата комбинација на бои го прави производот секогаш подобар. Отсекогаш сум ги сакала боите и тоа може да се види и во моите креации. Тешко ми е кога треба да вклопам нешто во една до две бои, секогаш постои и трета боја, некогаш и повеќе. Целиот концепт на креациите го осмислувам во глава, додека слушам музика, гледам филмови, пешачам. Никогаш не знам каде и кога ќе ми се појави некоја идеја или создаде некоја  креација, само не ја запишувам ни цртам. Сето тоа ми се таложи и потоа директно го пренесувам во моментот кога се создава креацијата.  Истото важи и за боите на самите креации. Инспирацијата ја наоѓам секојдневно во било кое место и време, а може да се јави и на сон, па знам многу често да се разбудам и да ја меморирам идејата се додека не ја пренесам на креацијата при нејзиното создавање. Секогаш ме препознаваат по боите, внесувам многу колоритност во се што креирам. Така го гледам светот околу мене, во бои.  На се околу мене гледам како на едно креативно катче кое постојано ме инспирира.A1 A2 A3

Какви волнени парчиња би препорачале во овие студени денови за трендовско затоплување?
Во доменот на плетивата секогаш препорачувам да се носи облека во чиј состав има волна. Во денешно време модата нуди облека најчесто изработена од синтетика, што мене лично  не ми се допаѓа. Многу ретко можам да најдам готов производ изработен од волна. Ги следам модните трендови секојдневно, но не секогаш ги користам боите што трендот ги форсира, исто како и со креациите, бидеќи не можам да замислам да се облечам во една боја и тоа да биде бојата што сите ја „носат“ околу мене. Во креациите најчесто ја употребувам сивата и сите пастелни бои, потоа виолетовата, и многу други бои.S1 S2 S3
Колку плетењето денес е актуелно во светот?
Плетењето зазема широк замав низ светот. Извесен период улиците на многу светски центри се исплетени со најразлични бои и плетки. Како за пример ќе ја земам Крошет Олек, уметница од Полска, која зад себе остава големи траги од сплетени бандери, улици, споменици, мостови, секаде низ светот. Продолжете да уживате во оваа приказна со овој банер преку кој со само едек „клик“ ќе добиете 10% попуст на дел од колекцијата на Knitten Designs.popust baner 011Дизајнер на официјaлното лого на брендот Knitten Designs е Ivan Petrusevski a.k.a. Flim
Повеќе за FLIM со сами еден клик овде & www.behance.net/flimovski

kd

The Original Designed By Flim

x

Check Also

Поглед на новата колекција од Зара – „Номад“

Зара ја претстави есенската колекција насловена Номад. А, акцентот е на плишот, ...