Марјана Станојковска: Не посакувам да бидам во туѓа кожа!

„Паметам имав голема температура, но сепак отидов на тој прв кастинг бидејќи не сакав да го пропуштам. Имав 14 години. По изборот, Милиќевиќ ме убеди да станам русокоса, а јас едвај се прифатив таква“, вели една од најактуелните македонски убавици Марјана Станојковска. 

marjna 2

Kако се случи да влезеш во манекенските води?

Тоа е многу интересна приказна. Кога имав 14 години, во Скопје се организираше избор за модели, Метрополитен топ модел. Тоа беше, мислам, прв сериозен избор за модели кај нас во Македонија. Еден многу добар пријател на сестра ми, Мишко Јелушиќ, и’ предложи да ме пријави на изборот, па така и се случи. Отидов на првиот кастинг, не’ фотографираше Дејан Миличевиќ… Паметам имав голема температура, но сепак отидов бидејќи не сакав да го пропуштам кастингот. Таму се закитив со титулата втора придружничка и така почна мојата манекенска кариера. После изборот, Дејан Миличевиќ ми предложи да станам русокоса, бидејќи тогаш имав кафена долга коса, но јас никако не можев да се замислам како русокоса! Веднаш потоа следуваа ангажмани на модни ревии, модни недели и соработка со тогашните актуелни модни дизајнери. Еден период држев и часови по манекенство во Мак Моделс, но соработка имав со сите модни агенции кај нас кои ме ангажираа за разни проекти.

marjana 4

Од манекенството заплива во водителството, што е послатко?

Да, од 2008 година со забавната емисија „Бекстејџ“ влегов и во водителството. Кога би требала да избирам, водителството дефинитивно би го избрала.

marjana bekstejdz

Пред чиј објектив би сакала да застанеш да позираш?

Пред Марио Тестино! И Милош Наџанин. До сега сум соработувала со многу наши фотографи, Владимир Георгиев, Дарко Мораитов, Александар Велов, Дејан Паноски, Роберт Спасовски, Огнен…И сите се специфични, си имаат свој стил и професионално си ја вршат својата работа.

marjana 6

Со танцувањето сме на чисто, покажа дека знаеш и да танцуваш, но дали си размислувала дека тоа би можело да биде дел од твојот професионален живот?

Имам желба да учествувам во некој интересен мјузикл. Многу би сакал кај нас да се постават добро познатите мјузикли од типот на Чикаго, Брилијантин, Бурлеска, Футлуз…

marjana mjuzik

Ако би можела да влезеш во туѓа кожа, во чија би сакала да бидеш?

Не посакувам да бидам во туѓа кожа бидејќи тоа би значело дека не се чувствувам добро во сопствената кожа (се смее). Мене ми е супер вака како што е, не би сакала да бидам никој друг, туку јас да си бидам – јас!

 

x

Check Also

Финале – Мис на Македонија за Мис Глоуб 2015

Завршница на изборот за Мис на Македонија 2015 за Мис Глоуб. По ...