Маска од тиква за нега на коса и кожа

Тиквата е една од најзначајните намирници на есента. Таа е сојузник не само на добрата исхрана туку и на убавината. Богата е со витамините A, K, B6, C, E и калијум. Маската од тиква може да ја употребувате за нега на коса, но и на кожа.

tikva 1

Пилинг-маска за лице

Помешајте неколку лажици тиква (која претходно сте ја свариле и испасирале) со 2 лажици јогурт и 1 лажица мелени бадеми. Нанесете го пилингот за лице и оставете го да отстои 10 минути. Со помош на памукче и млака вода со нежни движења потоа отстранувајте го пилингот.

Маска за тело

Помешајте половина чаша пире од тиква со половина чаша кокосово масло и додадете 1 лажичка цимет. После туширање нанесето од маската на целото тело и оставете да делува 10 минути. Потоа отстранете ја со млака вода. Ова е совршен начин на кожата да и дадете витамини.

tikva 2

Маска за коса

За да направите совршена регенеративна маска за коса од тиква помешајте околу 120 грама пире од тиква, три големи лажици маслиново масло и 1 голема лажица мед. Нанесете до маската пред миење на косата. Слободно нанесете ја и на сува коса, но полесно е да ја нанесете на влажна коса. Завиткајте ја намачканата коса со најлон ќеса и крпа и оставете ја да делува половина час. Отстранете ја со шампон и нанесете го вашиот балзам за коса.

x

Check Also

Тест за одредување на типот на кожа

Одговорете на доленаведените прашања и дознајте повеќе за вашиот тип на кожа ...