Маслиново масло и лимон за фит форма и сјаен тен

Маслиновото масло е исклучително богато со мононезаситени киселини, со многу витамини, а пред се со витамините А и Е. Комбинацијата на маслинова масло и лимон пак, е добро позната и важи за едно од најдобрите природни средства за чистење на црниот дроб, односно за детоксикација на целиот организам.

За слабеење

Комбинацијата на маслиново масло и лимон се користи за чистење на организмот, а посредно и за слабеење бидејќи ја регулира пробавата. Се смета дека оваа мешавина помага и за исфрлање на камени од бубрегот. Најдобро е маслиновото масло со лимон да се конзумираат наутро, на празен желудник. Земете 1 мала лажичка маслиново масло и во неа додадете неколку капки лимонов сок. Пожелно е потоа да испиете чаша млака вода. Доколку сте на диета, салатите секогаш збогатувајте ги со цеден сок од половина лимон и лажица маслиново масло.

mas 1

За коса

Маслиновото масло со лимон е суперхранливо средство за косата. Земете предвид дека лимонот се додава во мала количина. Смесата се користи многу едноставно – втријте ја оваа мешавина во коренот на косата, натопете ги и врвовите и оставете да делува половина час, потоа исплакнете ја косата со млака вода. Покрај тоа што оваа маска ја зајакнува косата, одличен борец е и против првутот.

За лице

Маслиновото масло има исклучително влијание во сјајната кожа и чистиот тен, а во комбинација со лимон се користи против брчки.

Комбинацијата на маслиново масло и лимон се нанесува на чисто лице, откако лицето ќе го ставите под пареа и така на влажно лице прво се нанесува лимоновиот сок, а откако тој ќе се исуши на лицето се нанесува маслиново масло.

За нокти

Ако сакате да имате здрави и убави нокти барем еднаш неделно употребете маслиново масло и лимон. Држете ги ноктите потопени во маслиново масло 15-на минути, потоа само избришете ги и истријте ги со лимонов сок, па оставете ги уште кратко време да отстојат пред да ги исплакнете.

x

Check Also

Маслиново масло и суви смокви – природен лек за плодност

Познато е дека смоквите се употребувале пред повеќе од илјада години, но ...