Мед во диетите: Како делува и како да се употребува

Доколку вашата желба за губење на килограми е исто толку голема колку и потребата за слатки, тогаш медот задолжително вклучете го во диетата.

med 2

Медот е природен комплекс од витамини, минерали и аминокиселини. Одличен е за оние кои држат продолжена диета и за оние кои при диетата го исклучуваат овошјето зашто медот ќе го надополни тој недостаток.

Медот ја поттикнува работата на метаболизмот, ја регулира пробавата, но сепак треба да внимаваме како и колку го употребуваме за да постигнеме добри резултати.

Дневниот внес на мед во организмот треба да се ограничи на 3 кафени лажици.

Најдобро е да се купи природен мед, директно од „рацете“ на пчеларот, зашто не содржи дополнителни шеќери и адитиви.

Најдобро е ако се користи во комбинација со одредени намирници. Имајте предвид дека витаминските пијалаци направени од цедени овошки или зеленчук со лажичка мед делуваат подобро на организмот отколку самата една лажичка мед, посебно.

Медот се зема на празен желудник пред првиот оброк. Појадокот треба да го започнете после 1 час.

med 1

Во вечерните часови не е препорачлив да се пие на „гладен желудник“ зашто го разбудува организмот, освен ако не се конзумира во мала доза (една кафена лажичка) во чаша топло млеко.

Наутро е одличен во комбинација со цеден лимон. Коктелот мед и лимон е еден од најпопуларните рецепти за губење на килограмите. За подготовка потребна е чаша топла вода, половина лимон и 1 лажичка мед.

Уште поефикасен за диета е во комбинација со ѓумбир и лимон. И овој коктел се зема наутро и рано на пладне. Се подготвува со чаша топла вода во која се мешаат лажичка мед, лажичка ѓумбир и две лажици лимон. Пијалокот се пие во една „голтка“.

Повеќе истражувања докажуваат дека умерената употреба на мед во диетите подолга од две недели, дава подобри резултати во слабеењето отколку кај оние кои не го користеле во диетите. Разликата меѓу првите и вторите испитаници е во дури два до три килограми помалку во период од две седмици, на сметка на оние кои го употребувале за слабеење.

Дополнително, медот дава подолго чувство на ситост. Доколку во текот на денот почувствувате засилена потреба за благо или губиток на енергија, земете лажичка мед заедно со десеттина бадеми.

med 8

Идеален вечерен оброк при диетите е комбинацијата на лажичка мед, печена тиква, лажичка цимет и две-три ореви. Тиквата е нискокалорична и ја подобрува пробавата, циметот помага во борбата против масните наслаги исто како и оревите, а медот ни дава продолжено чувство на ситост и ги задоволува потребите за слатко.

x

Check Also

Back to gym! – да се вратиме на здравите навики

Од денес започнува кампањата за поттикнување здрав и активен живот на Polleo ...