Мелита Ракиќевиќ: „Сите очи во вас“ е мотото на брендот Мелита!

„ Премногу често бев прашувана од непознати девојки и жени „од каде ти е ова, или она“ што го носев, е сега ќе ги имаат парчињата во мојот бутик и плус тука е мојата помош како да се дотераат комплетно“, објаснува Мелита Ракичевиќ во разговорот за Макмода.

melita 8

„По дефиниција сум трендсетер“

 

Од водителскиот неодамна сосема се сврти на модниот свет, со каква идеја и мотивација?

Модата и комбинирањето на модата со убавината е мојата голема љубов откога знам за себе. Секогаш сум сакала да експериментирам, да промовирам и наметнувам одреден мој стил кој секако допирал до околината, порано преку телевизијата, а во псоледниве години преку Фејсбук. Уште порано слушав коментари дека гледаат моја емисија и кога одредена тема не ги интересирала само за да ме видат како сум облечена. Тоа не беше случајно, зашто јас отсекогаш ги следам модните трендови и по дефиниција сум трендсетер. Модата ја познавам, се што во светот се случува во модниот свет го следам и опседнато се информирам за секој новитет. Долго живеев со желба да внесам промена во применување на модата кај нас и смело одлучив да искреирам свој бренд со сопствено име и потпис, по дефиниција на својот стил или мојот стил и вкус да ги пренесам на директен начин на оние на кои им се допаѓа како јас ги комбинирам модните парчиња.

melita 10

„Сите очи во вас“

 

Каков изглед и концепт промовираш?

Моето мото е „Сите очи во вас“, со порака дека изгледот што јас го промовирам е смел, со многу бои и оригиналност, женствен и префинет, па така секогаш ќе го освоите вниманието каде и да одите. Концептот на брендот „Мелита“ опфаќа неколку делови. Прво, увезена гардероба која лично ја одбирав во консултација со неколку креатори кои своето мислење ми го кажаа и предложуваа преку Интернет, второ – наша линија која ќе се шие тука и ќе има додавање на производи од типот на мебел, перфеми и друго за да се заокружи едно мое видување за цел стил и однос кон стилот на животот.

melita 5

Кои се целни клиенти?

Целни клиенти се оние кои се препознаваат сами како личности со самодоверба и подготвени да експериментираат со изгледот. Жените со вкус, трендсетерите кои сакаат модерен изглед. Сите оние кои не можеле да најдат уникатни парчиња и не сакаат униформираност. Сметам дека кај нас многу девојки „се носат“ исто и сите личат една на друга…

melita 9

„Од игла до локомотива“, во твојот бутик можат да се најдат парчиња облека и обувки, чизми, марами, шапки, ракавици.., па дури и одела за скијање.  

Според мене, комплетноста на изгледот е многу важна. Затоа нудам облека „од глава до петици“ и тоа за секоја пригода. Дотерани да бидат и на скијање и на прием.

melita 2

melita 1

melita 6

Каков е засега интересот за ваквите парчиња?

Голем. Веќе имаме гужва. Имаме премногу интерес и воодушевени клиенти, а тоа само по себе кажува дека сме направиле полн погодок.

melita 3

 

 

 

x

Check Also

Сатенските чизми од Zara се задолжителни за есен 2017

Во пред-есенската колекција „City Lights“ на модната марка Зара акцентот е ставен ...