Мезе: Песто од маслинки и бри

 Специјалитет во кој ќе уживате со вашата омилена чаша бело вино во друштво на пријателите.

Состојки – 4 чешниња лук, 120 грама сирење бри, 90 грама црни маслинки, 30 мл маслиново масло, 0,5 чашка кисела павлака, зелен пипер, половина ловоров лист.

slika 111

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Чешнињата лук, цели и неизлушени, попрскајте ги со капки маслиново масло и заедно со ловорот цврсто обвиткајте ги со алу-фолија и печете ги околу 30 минути. Отворете ја фолијата и оставете ги да се изладат. Излупете ги и изблендирајте ги.

Додадете ги маслинките исчистени од коската, маслиновото масло и повторно избендирајте.

На крајот додадете го сирењето бри добро иситнето со вилушка, зелениот пипер и половината чаша павлака. Повторно, се заедно добро изблендирајте.

Смесата префрлете ја во сад и оставете ја во фрижидер два три часа пред да послужите.

Сервирајте со парченца препечен леб и чаша вино.

x

Check Also

Македонско вино со светски квалитет – Езимит „STARDUST VIOGNER“

Во изминатиот период, македонските винарии имаа чест да бидат домаќини на Сара ...