Мини-колекција на Лудус :Permanent Black

Во чест на досегашната петгодишна работа како eкспериментална модна етикета „Лудус” ја прикажува мини колекцијата Permanent Black.

 ludus 3

Се работи за реинтерпретација на досега комерцијално најуспешните парчиња од сите колекции во црна боја со стопроцентнто природни материјали како волна и памук. Изборот од најпродаваните производи отсега ќе биде постојано достапен за клиентите преку интернет продавницата Бастет Ноар. 

 ludus 9

Мини колекцијата е само првата фаза од враќањето на најуспешните дизајни во постојанo производство. Напролет колекцијата ќе биде надополнета со пролетни и летни парчиња соодветни за сезонската потреба на пазарот.

 ludus

Фотосесијата овој пат ја изработи фотографката Ана Марија Радосављевиќ, моделот e постојаната соработничка Aна Калачоска, а стајлингот, шминкатa и фризурата се на блогерката Мартина Неделковска.

 ludus 8

Колекцијата истотака ќе биде достапна и во концептуалната продавница во центарот за иновации Јавна Соба во Скопје.

ludus 7

ludus 6

x

Check Also

Од костими за капење до римјанки – модерно лето со Pull&Bear

Pull&Bear ни носи младешка летна колекција во која доминираат лесните фустанчиња, кратките ...