Секогаш во мода: Мира Фурлан, додека смртта не не’ раздели!

„Дел од машина, која и каква и да била, нема да станам никогаш. Особено не на холивудската машина”.

mira 2Кога се распадна поранешна Југославија, една од најпознатите глумици на 80-те години, се пресели со сопругот во САД. Во текот на овие 20 години се враќаше и приватно и професионално во поранешната татковина, глумеше и во филмови и во серии, истовремено работејќи на својата американска кариера.

Во последните години нејзината книга „Тотална распродажба“ е една од најбараните во книжарниците во Србија. Секое нејзино враќање привлекува големо внимание во медиумите. Минатата година, во „Радионица интеграције“ во Белград се одржи светската премиера на драмата која ја потпишува нашата соговорничка – Мира Фурлан.

Иако веќе 20 години живеете во САД, повремено и професионално се враќате на територијата на поранешна Југославаија. Ве гледавме во филмовите „Турнеја“, „Циклус Колумбија“, во сериите „Најдобри години“, а  белградската публика имаше можност да ја види светската премиера на Вашата прва драма „Додека смртта не не раздели“ (Док нас смрт не растави). За што се работи во драмата?

Дејствието е сместено во времето на моето растење, во седумдесетите години на минатиот век. Обработува многу теми, како што се болеста, љубовта и смртта. Јунаците се припадници на едно семејство, денес би го нарекле дисфункционално, семејство кое се бори за сопствен опстанок и за сочувување на животот и љубовта.

mira 3

После заминувањето во САД пишувавте за „Ферал Трибјун“, а потоа тие текстови ги објавивте во книгата „Тотална распродажба“ (Тотална распродаја). Активни сте и на својот блог. Книгата помина одлично кај публиката, и после две години, и понатаму е на листата на најбарани книги, а сепак не е ниту автобиографија, ниту љубовен роман ниту нешто слично. Дали планирате да се впуштите, како некои ваши колеги, во пишување на автобиографија или можеби роман?

Да, интензивно работам на новиот писателски проект кој е од автобиографска природа. Интересно ми е од својата американска перспектива да се свртам на минатото и да се обидам да го погледам својот живот од дистанца. Тоа е тешка и корисна работа, можеби и само поради својот психотерапевтски аспект, ако не поради нешто друго.

Публиката не ве заборави ниеден миг, а и книгата и филмовите покажаа дека на овие простори сте ѕвезда која трае. А разделбата беше драматична, да се сетиме на „Отвореното писмо до сограѓаните“, на Вашиот јасен став дека не сакате да учествувате во колективното лудило на 90-те години, на Вашата одлука дека и покрај неизвесноста и недостатокот на пари, со сопругот Горан Гајиќ заминувате за Америка. Како денес ви изгледа да се вратите и да работите тука, дали е можно да се направи дистанца кон грдите работи од минатото?

Тешко е да се постигне дистанца, особено на луѓето кои се како мене, кои ја имаат таа добра или лоша страна работите да ги доживуваат интензивно и без воздржување. Сега, се разбира, многу е полесно да се вратам и понекогаш дури и да работам на овие простори. Десет години ми беа потребни и мене, но и на Горан, да се вратиме во овие краеви – раните беа предлабоки и преболни.

Како да се постигне дистанца? Луѓето сакаат да кажат дека треба да се проштева, дека треба да се заборави. Јас би рекла дека не треба ниту едното ниту другото, туку дека треба едноставно да се прифатат фактите. Друго и бездруго не ни преостанува. Луѓето се несовршени и склони се кон повремено губење на разумот. Поради тоа да се биде несреќен или лут, едноставно е глупаво. Фактот за човечката глупост со текот на времето треба да се прифати како база на секое реално размислување во животот.

Мира Фурлан во американската серија Бабилон 5

Мира Фурлан во американската серија Бабилон 5

Учествувате во кастинзи за филмови и серии во Америка, глумевте во популарните филмови „Лост“ и „Бабилон 5“, а сега и живеете во Лос Анџелес. Дали може да се каже дека станавте дел од хливудската машинерија? Зашто и покрај успехот се стекнува впечаткк дека сте доста посветени на своето семејство, на сопругот и на синот, дека тие Ви се на прво мето. Како го усогласувате снимањето со семејството, патувањата, заминувањата од дома?

Дел од машина, која и каква и да била, нема да станам никогаш. Особено не на холивудската машина. Цената на неприпаѓањето и неучеството е висока, но отсекогаш бев и сеуште сум подготвена да ја платам. Што се однесува до усогласеност на работата и приватниот живот, тоа воопшто не е лесно. Се’ е тоа, би рекла, балансирање на жица. Дали ќе пукне е големо прашање. Се надевам дека нема.

И за крај, што е поголем професионален предизвик, да се глуми во некој американски блокбастер или да се оствари некоја нова улога на мајчин јазик?

Не знам, бидејќи не сум имала можност да учествувам во американски блокбастер. Но никогаш не е доцна, зарем не?

фотографии  copyright 2010~2011 Mira Furlan & Moyra J. Bligh

Сузана Спасиќ

x

Check Also

Топ 4 модели на најслатки сандали за оваа сезона

Во широката понуда на сандали за лето 2017 од популарните модни марки, ...