Миранда Кер на модната недела во Париз

Токму кога излезе од печат јапонскиот Вог на чија насловна страна е Миранда Кер, австралискиот топ модел сврати во Париз за да фати дел од атмосферата од париската модна недела.

Во својата хотелска ссба се слика со новото издание на јапонскиот Вог и покажа колку е задоволна од насловната страница. Сликата секако ја постираше на инстаграм.

mker2

Миранда е задоволна од насловната страница за Вог

Во Париз, нејзините обожаватели веднаш ја искористија шансата за селфи со Миранда.

mkpfs1

Миранда е облечена во црн проѕирен комплет, кој како што се гледа од нејзината фотографија од хотелската соба на инстаграм, се состои од црно трико и црн прозирен дел.

Во хотелот Миранда е само во црното трико кое го открива нејзиното перфектно тело. И не е ни чудо да се чувствува удобно и да сака да покаже малку голотија – имено Миранда се прослави како модел на Викториас Сикрет, па има и што да покаже.

 

 

mkerr

Само со трико во хотелската соба

 

mkj1

Миранда Кер за јапонскиот Вог

x

Check Also

Нова колекција од Bershka за музички фестивали и летни журки

По примерот на другите модни марки кои лансираа колекции наменети за фестивалските ...